Политичката декларација за воена и финансиска поддршка на Украина, која беше усвоена од 26 земји-членки на специјалниот самит на ЕУ во четвртокот, „нема правно значење“, бидејќи одлуките за надворешната и безбедносната политика бараат едногласна согласност од сите 27 земји-членки, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Сијарто за унгарското државно радио изјави дека не попуштила под притисокот да ја потпише декларацијата бидејќи одбива да им се придружи на оние кои сакаат да ја продолжат војната.
-Фактот што 26 земји-членки издадоа политичка декларација претставува политичко мислење. Веќе знаевме дека повеќето од земјите-членки ќе го следат Брисел и ќе гласаат за војна, но како дел од глобалното мнозинство зазедовме став за мир- посочи Сијарто.
Според него, европската воена политика пропаднала во последните три години, а ЕУ ја уништила сопствената конкурентност со воведувањето санкции против Русија. Сијарто истакна дека оружјето и парите што ЕУ и ги дала на Украина завршиле со продолжување на конфликтот, при што ситуацијата на бојното поле не функционира во корист на Украина. Тој рече дека на состанокот со американскиот државен секретар Марк Рубио во вторникот во Вашингтон, тој рекол дека „либералните провоени лидери на ЕУ во Брисел се организираат против“ американскиот претседател Доналд Трамп и дека ќе направат се за да ги спречат мировните напори на Трамп.