Претседателката Гордана Сиљановска Давкова претпладнево дојде во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде се пренесени повредени во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде ноќеска во голем пожар загина 51 млад човек. Таа ги посети дел од повредените кои се лекуваат во болницата.
„Знам дека се тоа млади, храбри луѓе. Верувам дека повеќето од нив ќе се спасат, лекарите се тука… Не можам да сфатам како е можно ова да се случи“, рече Сиљановска Давкова, која додаде дека лекарите се стручни и подготвени да се соочат со големиот предизвик на згрижувањето на повредените.
Претседателката рече и дека понуди за помош пристигнале од Воено-медицинската академија во Белград, како и од Бугарија и други земји од регионот.