На овој ден им оддаваме заслужена посебна почит и признание на работниците – генерации и генерации на мнозинството луѓе со најголем придонес во создавањето и изградбата на државата и општествените вредности. По повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати порака која што гласеше дека денес се славни Меѓународниот ден на трудот, денес ги славиме оние кои работат вредно, посветено и пожртвувано, како и сите оние кои оставиле историски печат во долгата и тешка борба за вреднување на работничкиот труд и почитување на работничките права.
„На овој ден им оддаваме заслужена посебна почит и признание на работниците – генерации и генерации на мнозинството луѓе со најголем придонес во создавањето и изградбата на државата и општествените вредности. Први мај е ден кога работниците и синдикатите со право протестираат за повисоки плати и пошироки права, потенцирајќи го социјалниот карактер на македонската држава што има уставна обврска да води сметка за хуманизмот, социјалната правда и солидарноста како темелни вредности на уставниот поредок.“ стои во честитката од Сиљановска-Давкова.
Во честитката од претседателката стои едно клучно прашање кое што доаѓа директно од носителите на власта кое гласи: „Дали и како се остварува правото на работа, дали секој има слободен избор на вработување, дали вработените се заштитени при вработувањето, дали се соодветно материјално обезбедени при невработеност, дали секому под еднакви услови му е достапно секое работно место, дали заработувачката е соодветна на трудот, дали секој вработен има право на дневен, неделен и годишен одмор, дали се почитуваат колективните договори?“
„Пред нас се многу проблеми и дилеми што мора да се надминат. Социјалната правда не смее да се применува селективно, ниту да се перцепира како недостижен идеал. Таа е невозможна без соодветно вреднување на човековиот труд и без уважување на работничкото достоинствено. Тоа подразбира правична плата, квалитетни услови за работа, безбедност и сигурност во работењето, можност за надградување и напредување. Во демократски политички систем мора да се слуша гласот на работникот, да се почитува синдикалното организирање и правото на штрајк, да се негува социјалниот дијалог, да се гради партиципативна демократија. Убедена сум дека само задоволниот работник може да биде продуктивен, ефикасен и ефективен.“ стои во честитката за 1 Мај од Сиљановска-Давкова. Извор: Новинска агенција МЕТА