Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се огласи по повод смртта на папата Франциск кој почина вчера наутро.
„Како Народен Папа, тој им го честиташе Воскресението Христово на христијанската фамилија и утрово мирно замина во вечноста. Јас, пак, по четириесет минути незаборавен разговор, ќе го паметам по неговиот извонреден ум, мудрост, топлина и едноставност“, вели Сиљановска Давкова.
Претседателката минатата година беше на аудиенција кај Папата во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ што се одржува во Рим по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители.