Предвидено е претседателката да учествува на состанокот на Советот на НАТО на кој ќе се обратат генералниот секретар на Алијансата Марк Руте и холандскиот крал Вилем-Александер. По завршувањето на официјалниот дел на Самитот, кој е затворен за јавноста, Сиљановска-Давкова ќе има средба со претседателот на Летонија.
Вчера македонската претседателка присуствуваше на вечерата што ја организира холандскиот крал Вилем-Александар за учесниците на Самитот, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп.Сиљановска-Давкова заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Генералниот секретар на постојаниот арбитражен суд во Хаг, Марцин Цепелак, на која искажа загриженост за актуелната безбедносна состојба во светот и ја истакна потребата од праведен и постојан мир.Во фокусот на Самитот во Хаг е предлогот на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за зголемување на процентот на финансиските средства којшто државите-членки на Алијансата годишно го одвојуваат од националниот БДП