20.8 C
Скопје
09/05/2025 12:46
МАКТЕЛ

     

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

      

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати и официјално го отвори 37-миот Саем на книгата 2025, најголемиот книжевен настан во земјава којшто под мотото „Храна за душа“, се одржува од 8 до 14 мај во Скопје. Таа нагласи дека токму Саемот е обид за културен натпревар на народите и рече „со писателите и поетите како сојузници, ние сме подготвени за културен натпревар во Европа и во светот“.Претседателката потсети на фактот дека иако не сме дел од ЕУ, наши автори биле во 10-те наградени: Гоце Смилевски, Лидија Димковска, Петaр Андоновски и Ненад Јолдески. Тоа е нашиот доказ дека ние културно отсекогаш сме биле дел од Европа, рече таа и повика на културен, а не на некултурен натпревар. Укажувајќи дека културата, образованието и науката се полиња на рамноправност, каде што нема мали и големи, Сиљановска-Давкова рече дека откажувањето од читање, значи откажување од размислување и ако така продолжиме, тоа ќе не доведе до духовен и интелектуален банкрот.

Сиљановска-Давкова истакна дека младите треба не само да читаат, туку и критички да размислуваат и повика на создавање на „Дом на книгата“, како трајно културно засолниште за идните генерации. Прогласувајќи го Саемот за книгата за отворен таа го цитираше и Петре М. Андреевски кој нè предупреди дека, ако го загубиме односот кон книгата, ќе го загубиме човечкиот идентитет. Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова:

   

Прекрасно се чувствувам, посакувам да останам овде, да не се враќам на работа, искрена да бидам. Како гледам на денешниов настан јас? Во ера на некултурен натпревар на народите, ова е обид за културен натпревар на народите. Затоа ги поздравувам двајцата министри, ја поздравувам директорката, ја поздравувам управителката, ама кога реков културен натпревар на народите се потсетив на куферите со кои се враќавме од саемот на книгата во Белград, таму беа поевтини книгите одовде. Се потсетувам на прекрасните книги и еве, ќе започнам со една шокантна информација. Веројатно јас сум една од ретките која на свадба им подарува книги на младенците, обично убаво ќе ги спакувам и им пишувам: „Ако политиката е уметност на можното, бракот е уметност на неможното, но вреди да пробате да бидете уметници. Како? Преку книгите ќе научите“. Значи, она што ми недостига е саемот на книгата, мислам на градбата, си кажувам, и мислам дека час поскоро треба да создадеме дом на книгата.

Го поздравувам саемот на книгата, најмногу ги поздравувам верните читатели, љубители на книгата, писатели, поети, тие се нашите најголеми амбасадори низ светот и по нив нè познаваат. Саемот на книгата е секоја година како некоја крстосница на македонска, на балканска, на европска и на светска книжевност и мислам дека со години е врвна културна институција. Знам дека тука има многу библиофили, знам дека тука ќе сретнам многу книжевници, а меѓународен е, се разбира, бидејќи знам дека изложуваат и издавачи од други европски држави. Еве, подготвувајќи се видов дека има од Сојузна Република Германија, а знам дека Србија се врати таму, каде што ѝ е местото, а верувам дека и ние ќе си го најдеме местото на саемот на книгата таму.

Oвој саем доаѓа во време на јубилеи: пред два дена одбележувавме 80 години од кодификацијата на стандардниот македонски јазик, уште еднаш да повторам, може да кодифицирате нешто што е создавано со векови, не можете да измислите јазик, дури и со есперантото не одат работите како што се замислуваат. Mислам дека пред две недели, по 30-ти пат се одбележа Светскиот ден на книгата и еве, бидејки цитираа говорниците пред мене и јас да се навратам на нашиот величествен Петре М. Андреевски. Тој би бил замолен нели, по тој повод да напише пофалба на книгата и што вели тој – дека во книгата имаме секогаш отворен простор да се дружиме со сите луѓе и на сите далечини и да ги преземеме нивните соништа, оти само оној што знае да сонува, знае да ја исполни радоста од својот плодотворен живот. Мислам дека сосема во право бил Франсоа Моријак кога рекол исто така, кажи ми што читаш, а јас ќе ти кажам кој си. Токму книгите што ги читаме, а особено оние книги на кои се навраќаме, ги препрочитуваме, јас тоа честопати го правам и гледам дека сега поинаку гледам на многу напишани нешта од што сум гледала во младоста. Зборуваат повеќе за нас, зборуваат за нашите идеи, за нашите идеали одошто било која напишана биографија или сиви, или особено профилите на социјалните медиуми.

Прашањето ми се чини, со кое денес се соочуваме, не е само кои книги ги читаме, туку колку време имаме и издвојуваме за читање. Зошто? Бидејќи времево во кое живееме, време – невреме, некои социолози со право го дефинираат како ера на расеаност, или ако сакате, некоја тиранија, диктатура на ургентното, кога нам ни се одзема слободното време, или сами попусто си го трошиме, медиумите веќе не се натпреваруваат како да го придобијат времето на публиката, туку сакаат целосно да нè заковаат за екраните, особено за мрежите. Мислам дека без слободно време нема читање на книги, а без читање на книги нема размислување. Ме праша министерот за култура дали сум прочитала нешто неодамна. Да, во Или – или ја пронајдов книгата на Робер Бадентер, „Идис“. Идис е бабата на Робер Бадентер. Не сум знаела дека Робер Бадентер има еврејско потекло, не сум знаела дека поминал тежок живот и дека некој кој најмногу помогнал да опстои неговото семејство била неговата баба Идис. Значи ние не можеме да се посветиме на едно од најважните прашања, читањето на книгите.

Сè поголем дел од нас, не само од македонската популација, не само од српската, од светската, се оддалечува од книгата и консумира што? Некакви си исечоци, фрагменти на социјалните медиуми и таму доминира сензационализмот, ама во него нема суштина. Тоа е нешто страшно, нешто што ќе нè отапи, нешто што ќе нè отчовечи, бидејќи откажувањето од читањето значи откажување од размислувањето и тоа ќе нè доведе, ако продолжиме, до духовен и интелектуален банкрот. Не ми веруваат некои од моите студенти, или од пријателите кога ќе им кажам дека ние во гимназија ги читавме секогаш нобеловците по литература. Не ми веруваат кога им кажувам дека сме ги читале „Војна и мир“, па зар е можно? Ми велат дека денес имало некои скратени верзии со кои може да одглумите, односно да излажете дека сте ги читале и така со десет реда ќе прочитате. Ама кога ќе прашате што мислите за Наташа Ростова или за Пјер Безухов, ќе ви речат: „Кои се тие?“. Значи, ми се случувало и ќе го продолжам тоа, заедно со мојата колешка Каролина Ристова Астеруд, да им подаруваме на студентите книги. На кои? На оние кои веруваат дека има подобри анализи во литературата одошто во многу научни трудови. Еве, пример ќе ви дадам. Кога сум зборувала за големата економска криза во САД во рамките на современи политички системи, па сум им ја давала онаа убавка книгичка, мала, од Џон Штајнбек, „Глувци и луѓе“ (Mice and Men). Таму е подобро опишана кризата, одошто во многу студии. И постојано велам, еднаш цинично, ако се сеќавате, кога некој изјави дека еден националист многу ја сакал Македонија, јас реков дека, да, ме потсетува на Лени од Штајнбек, кој толку ја сакаше девојката, што ја задуши во чудната љубов. Да се вратам на нашите корифеи, мислители, Горан Стефановски.

Нè потсети дека за да преживее, пајакот ткае мрежи, а луѓето за да преживеат, ткаат приказни за тоа, кои се, што се, од каде доаѓаат и каде одат. Овие приказни, овие книги, се столбот на нашиот идентитет. Тие се наративни мапи, што ни помагаат да се ориентираме во животот, да го разликуваме доброто од злото, вредното од безвредното, вистинитото од лажното. Затоа, мислам дека, наша должност е со личен пример да им ја пренесеме љубовта кон книгата на нашите млади. Ете тој Денди, што беше тука и му подари книга на министерот, се повика на духот, на читачкиот дух. Тие се мислечки суштества, значи од деца треба да ги заразуваме со книгата. Тоа се најверните пријатели. Никогаш не ве напуштаат, секогаш ве чекаат, во било која доба од денот или од ноќта, тоа е безрезервна љубов. И тоа секој ќе го посака. Значи, на нашите деца, на нашите внуци, ученици, студенти – да читаат, ама и критички да размислуваат. Колку повеќе читаме, толку повеќе се надградуваме, толку помала е веројатноста дека ќе бидеме прочитани од моделите на вештачката интелигенција, профилирани од алгоритмите на маркетиншките агенции и изманипулирани во нашите одлуки.

Повторно ќе му се вратам на Петре М. Андреевски. Тој нè предупреди дека, ако го загубиме односот кон книгата, ќе го загубиме човечкиот идентитет. Бегството од книгата, за мене е бегство од слободата. Бегството од книгата е ограничување на нашата свест и совест за слободна мисла. Верувам дека годинешниов саем на книгата е можност, барем еден ден, да се обезбедиме за оние што доаѓаат 364 дена, дека ќе имаме, кои ќе бидат секогаш до нас, и кога ќе бидеме среќни, несреќни, осамени, кога ќе имаме потреба од друштво, да си ги нахраниме душите, да си ги поддржиме нашите автори и издавачи. Тие се највредното нешто за една мала држава. Секогаш сум се фалела во Венецијанската комисија од фактот дека не сме во ЕУ, ама наши автори биле во 10-те наградени на ЕУ. Гоце Смилевски, Сестрата на Зигмунд Фројд, понатаму Лидија Димковска, Петре Андоновски. Тоа е нашиот доказ дека ние културно отсекогаш сме биле дел од Европа. И затоа јас повикувам на културен натпревар, не на некултурен натпревар. Со оваа мисла дека највредното сте вие, писателите, поетите, пишувачите, со вас можеме да се натпреваруваме надвор, затоа треба да вложуваме во култура, во образование, во наука. Таму нема мали и големи. Ова е голем ден за мене, ова е прекрасен ден за мене, и дозволете ми вака вознемирена, одвај чекам да видам што има ваму и таму, да го прогласам саемот на книгата за отворен. Ми беше чест.

ФОТО: Кабинет на Претседател / Денис Јагџи

    

Најново

Министерство за внатрешни работи: Вчера 777 сообраќајни прекршоци, 175 за брзо возење

Sase Ivanovski

Јаневска: со квалитетни идеи и повеќе партнери на образовните установи, дополнително ја стимулираме еколошката одговорност кај младите

Sase Ivanovski

Гаши со честитка: Новиот папа да донесе повеќе духовност и поголема етика, а неговата работа да биде патоказ на патот кон мирот!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода велешанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал три сообраќајни незгоди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Sase Ivanovski

СДСМ: Убиствата станаа секојдневие, Тошковски нема контрола над безбедноста

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и финансиска поддршка е партнер на општините во Македонија

Sase Ivanovski

Ристески: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортската инфраструктура

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со градинката Пролет поставивме нови стандарди за детска грижа во Центар

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: МЗШВ се грижи за земјоделците и руралниот развој во Македонија, доделени се договори во вкупен износ од 10.094.050 денари на 54 здруженија

Sase Ivanovski

Здружение на класични филолози „Антика“: Државен натпревар по класични јазици

Sase Ivanovski

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Sase Ivanovski

Герасимовски: Фотоволтаиците на ООУ „Киро Глигоров“ чекор до енергетски независен Центар

Sase Ivanovski

Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

Sase Ivanovski

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski
Вчитувам....