30.8 C
Скопје
19/06/2025 18:03
МАКТЕЛ

   

Сиљановска-Давкова: Уставниот суд е најнереформираниот државен орган

      

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на тркалезната маса насловена како: „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“, организирана од Уставниот суд и ЕУ.  Во воведниот дел на тркалезната маса говореа претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, амбасадорот на ЕУ, Михаил Рокас, амбасадорката на Германија, Петра Дреклер и амбасадорката на САД, Анџела Агелер.  Наодите од анализата за тоа дали има или не потреба од донесување Закон за Уставен суд беа презентирани од проектниот тим, составен од Карстен Манке, раководител и Мартин Сопранов и Маргарита Цаца Николовска, правни експерти. Проектот е финансиран од Европската Унија. 

Свои ставови презентираа судијките Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павлова Данева, како и универзитетските професори по уставно право: Рената Десковска- Тренеска, Тања Каракамишева-Јовановска, Јетон Шасивари и Денис Прешова. Присутните го слушнаа и мислењето на невладиниот сектор, односно на претставниците на „Сите за правично судење” и „Млади правници”.

   

Според претседателката, прашањето: „Дали е потребна реформа на македонското уставното судство?“ е вистинското прашање. Истакнувајќи дека Уставниот суд е најнереформираната институција, со оглед на неколкуте неуспешни обиди за уставни измени, претседателката укажа на неодржливоста на сегашното правно решение и упати на препораките на Венецијанската комисија за донесување Закон за Уставниот суд. Таа констатираше дека нашиот Уставен суд не успеа да прерасне во четврта власт, коректор на односите меѓу трите власти и заштитник на слободите и правата на граѓаните.

Сиљановска-Давкова укажа на важната улога во градењето уставна демократија на уставните судови на Германија, Франција, Шпанија, Португалија, Словенија и на Хрватска.  Таа се заложи за поширока надлежност на Уставниот суд: проширување на листата на заштитени слободи и права, оценка на меѓународните договори пред да бидат ратификувани од Собранието, давање финална оценка на изборите и референдумите, дислоцирање на автентичното толкување на законите од надлежност на Собранието во надлежност на Уставниот суд, воведување impeachment и за други носители на високи функции, конкретизирање на условите за „истакнат правник“ за да се оневозможи политизацијата и партизацијата, што доминирале во досегашното регрутирање на уставните судии.

Претседателката се вклучи во бурната дебата што следеше, застапувајќи и бранејќи го ставот за нужноста од уставни промени заради создавање уставен основ за донесување Закон за Уставен суд по примерот на најголемиот број развиени демократии, како и во духот на препораките на Венецијанската комисија и научната мисла.   Во продолжение е интегралниот говор на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова: Добро ве најдов сите, пријатно се чувствувам особено што ги гледам моите колешки и колеги овде.

Ќе зборувам како професорка и веднаш ќе го проблематизирам насловот. Ни треба ли закон за Уставен суд? Езоповско е прашањето претпоставувам намерно. Инаку, можеби е нормативистичко, не велам Келзеновско иако ние секогаш кога предаваме за Уставниот суд се повикуваме на Ханс Келзен. Значи, за мене прашањето е одамна решено, уште во далечната 2005 година кога се постави прашањето дали заедно со судските реформи, уставни, треба да посегнеме и по реформа на уставното судство. И меѓу нас, на кои им е живот правото, па и уставното судство имаше неподелен став, ги гледам тука двете мои колешки кои беа оние кои ја изработија работната верзија на промените, сум разговарала со нив, знам дека и тогаш им беше ставот дека се потребни. Интересно, но мислам дека отпорот оттогаш, па низа потоа години доаѓаше од самата институција. И мене тоа ми беше неразбирливо бидејќи очекував иницијативата за промени да дојде од куќата на Уставниот суд, ама таа не доаѓаше. Значи, ако тргнеме од анализата на улогата на Уставниот суд во демократизацијата, ќе заклучиме дека имало светли мигови меѓутоа, факт е дека Уставниот суд не ја одигра можната улога каква што одиграа многу уставни судови и во земјите со развиена демократија, Уставниот суд на Германија или Уставниот совет на Франција, како власт што е надвор од редовното судство, како четврта власт, како своевиден креатор на уставната демократија и затоа потоа во многу трудови, докторати, расправи ние ја истакнувавме оваа дилема, па дури мислам дека и на ниво на Европската Унија тезата дека па не во сите земји има уставни судови, па во поглавјето 23 нема анализа или нема посветеност на уставното судство, исто така, не држи. Во земја која има долга традиција на уставно судство во далечната 63-та година, иако во еден сосема поинаков политички систем нели, во еден, во собраниски систем, а не во систем на поделба на власта, мислам дека Уставниот суд одамна требаше да се реформира. Второ, мило ми е што во домот на уставното судство се организира ваквата расправа, не мислам дека е случајно, туку е продолжение на неколкуте храбри одлуки и мене ме радува дека овој чекор покажува спремност, исто така, да се расправа критично и за најнереформираната институција, најнереформираниот државен орган како што го нарече во еден свој труд мојот колега Денис Прешова. И тоа е навистина така. Значи после неколкуте неуспешни обиди 2005, понатаму во Венецијанска комисија бев во 2014 година кога дојдоа амандманите и морам да кажам дека за разлика од критиката кон некои други амандмани, моите колеги, да не го бројам составот, тука имаше исто така излагање, гледам во материјалите, професорката Јасна Омејес, ја поддржаа реформата на уставното судство, особено кога се зборува за Actio Popularis, односно за потребата од поголема заштита на човековите права, зошто мене и денеска не ми е јасно по кој критериум е направен изборот на оние права што ќе имаат уставно-правна заштита. Веројатно била некоја правно политичка импровизација. Понатаму, и во стратегиите коишто ги гледавме и во онаа 2017 – 2022 година, исто така, беше многу жива дискусијата и заложбите за поголема заштита на слободите и правата односно за проширување на кругот, ама во финалната верзија некако, не знам, ја снема оваа дилема. Понатаму, во 2024-2028 година, исто така, во стратегијата се заговараше, па и акционен план беше предвиден, значи тогаш се заговараше и посебен закон за Уставен суд и еве, овде сме. Значи, ако ме прашате мене, јас ќе ви кажам дека сум за, и тоа сум го зборувала и пишувала, дека сум за поширока надлежност на Уставниот суд. Поширока надлежност не може да се регулира со закон бидејќи дури и да носиме ние закон за Уставен суд треба да интервенираме во Уставот бидејќи можеме ние да го читаме како сакаме членот 113, меѓутоа јасно е таму дека акт за Уставниот суд, не значи закон бидејќи Уставен суд не може да донесе закон, закони носи Парламентот. Впрочем, до 2024 година живеевме со деловник, тоа е за Уставниот суд. Значи, што мислам дека треба исто така да опфати една реформа по мене? Прво, да се прошири листата на заштитата на слободите и правата, не велам како Унгарија да одиме или како некои други држави да се повикуваме на Конвенцијата за човековите слободи и права, меѓутоа ни треба поширока заштита. Понатаму, да, треба да прецизираме дека од моментот на потпишувањето на меѓународните договори до ратификацијата на меѓународните договори Уставниот суд би можело да реагира, да има надлежност. Ние во целата историја сме имале засега само една интервенција помеѓу народен, по закон за меѓународен договор, не по самиот меѓународен договор и мислам дека, апсолутно тоа не е, не е релевантно. Понатаму, би сакала да се прошири надлежноста на, дури на финалниот збор да го има на изборите, на референдумите на пример, би сакала да го тргнеме од надлежноста на Собранието автентичното толкување на законите, бидејќи е остаток од комунизмот и доведува до директно кршење на уставноста и законитоста. Зошто? Со политички договор што се прави, се интерпретира, на нов начин, одредбата од законот, и така всушност ние правиме нешто што не смееме. Оваа надлежност треба да му припаѓа на Уставниот суд. Можеби треба да размислиме дали Импичментот каков што постои за шефот на државата, со право, треба да се прошири и на некои други високи носители на власта. Треба, исто така, наместо Уставниот суд само да кажува дека програмата на некоја партија, или на партијата е неуставна, исто така тоа да го спроведува, не тоа да го прави второстепен суд, редовен суд. Значи, ова се нешта што мене ми даваат за право, или ме водат кон заклучокот дека ни треба реформа на уставно судство. Е, сега тука можеме да го бираме моделот, некој ќе рече па Уставот ќе го смениме, ќе ги прошириме одредбите, да, ама ние имаме интересна историја со уставните измени, влегуваме со едни уставни измени, излегуваме со сосема други, што немаат понекогаш врска со предлогот за измена на Уставот. Затоа, велат Пандорина кутија е во прашање, повторно ќе се вратите на преамбулата, бидејќи нели, не она што е редок, редок, редок феномен во уставното право, да се менува преамбула, кај нас е чест феномен, па дури и за срам на уставното право и на правниците, тоа е направено на невозможен начин. Замислете преамбулата е сменета како да е дел од нормативниот текст, наместо целата промена да се напише бидејќи тоа е метафизичка приказна, таа е, се менува тоа и тоа, по зборот тој и тој, признавам не разбирам како гласи преамбулата. Ете тоа е парадоксот. И примерот со Индија, сега разговарав со еден индиски професор, примерот со Индија и со измената, па потоа одлуката на нивниот Врховен суд, мислам дека е релевантен да ме потсети. Понатаму, реков дека во годишните извештаи на ЕУ, тие што бев 4 години во Собрание, не видов никаков осврт на Уставниот суд, ама затоа видов, ќе речете дека сум цинична, да, затоа видов и во минатиот извештај 2024-та ама замислете и во 2025-та дека при инаугурацијата не сум го употребила уставното име. Значи јас не сум инаугурирана во 2025, во 2024. Е, тоа е важен елемент на извештајот многу интересен феномен, морам да кажам. Значи, реформите не ги правиме заради ЕУ, ова го зборувам заради коментар на една забелешка, реформите ги правиме заради ЕУ демократските стандарди и принципи, заради ЕУ филозофијата, ама најмногу заради македонската демократија. Значи, во функција на rule of law и затоа велам јас, мојот идол во уставното право, за жал почината, Lidija Basta Fleiner и Thomas ја напишаа брилијантната книга „Уставна демократија“ и ден денеска неверојатно инспиративна. Значи, од 63-та и во 63-та и во 74-та година, покрај уставните одредби имало и Закон за Уставен суд. Значи ние имаме една и ако сакате, правна традиција и мислам дека таа правна традиција нè охрабрува. При крајот сум, ме боли, тешко ми е, но денеска сум посреќна кога гледам дека, на некој начин пробива, не знам дали сè уште е така, општоприфатениот став во науката дека ни е потребен похрабар однос кон, активниот, кон Уставниот суд за да може тој да биде похрабар во односот кон трите власти, а исто така и похрабар во заштитата на човековите слободи и права. Toa е она што сакам да го потенцирам и сакам на крајот да кажам дека идеја имав да направам, првата работа да ми биде да составам една група од конституционалисти, зборувам од коституционалисти кои што ќе направат, ќе почнат да работат на нов Устав, меѓутоа ви кажувам зошто не го правам тоа, од стравот дека нема да се концентрираме на стандардните решенија, на пристојните, на досадните решенија, коишто ги среќаваме во сите европски устави, а не да градиме ние „Sui Generis“ решенија и оригинална демократија. Во демократија треба да се биде стандарден, не треба да се биде оригинерен и оригинален. Значи, ако сакаме темелна реформа на уставното судство, тогаш ни треба радикален пристап. Јас претпоставувам дека ова решение од 2024 година е обид да се надминат, или, како да се, привремено да се менаџираат проблемите со кои се соочил Уставниот суд, оти мене ми е јасно дека независноста не е уставна апстракција, не е, независноста треба да биде поткрепена со финансиска независност, со функционална независност, со можност за постапување токму во рамките на вака утврдените начела и дека затоа се посегнало, но знам дека ние ги учиме студентите – прашањата од материјален карактер може да се решат само со закон и со устав. Не може да се решаваат со подзаконски акти, тоа е нешто што сите знаеме. И заборавив, мораме да го конкретизираме статусот, квалификацијата истакнат правник. Ова што ни се случуваше во уставното судство сиве овие години не е толку резултат на недостиг на доволно одредби во Уставот, туку е резултат на партизацијата и политизацијата. Во Уставниот суд поминаа многу, многу фигури, кои не би можело да седат, и не би требало да седат, извинете ме, ама, како професорка зборувам, во Уставниот суд, чест на исклучоците. Тогаш ние ќе имаме уставно судство кое ќе служи на уставната демократија. Значи не можеме прашања како имунитет, дејство на закони Ex tunc – Ex nunc, финансиска независност, функционална, не можеме во подзаконски акт, јас знам дека вие сте морале тоа да го правите, меѓутоа мислам дека ни е потребно, ни е потребна похрабра одлука. Значи, прашањето дали треба закон е одамна решено. Се разбира, може тука да разговараме дали можеби стапицата да потргнеме со едни измени а добиеме со други, може да се реши со некаков Закон за Уставен суд, не знам иако досега ние во поновава историја имаме само закони за, уставните закони се закони за спроведување на уставните измени односно амандмани. За последната реченица ми е, нашиот Устав важи за цврст Устав, но јас кога се гледам со колегите особено со нашиот колега, не знам Рената дали го сретнала, значи англиски колега авторот на „The changing constitution”, Џефри Џоуел, велам Џефри, не е вашиот, англискиот устав во материјална смисла The changing constitution, нашиот е за 30 години 36 амандмани и морам да ги квалификувам најчесто тие амандмани се imposed значи наметнати амандмани, така што нема да се шокирам ако еден ден во преамбулата напишеме: ние граѓаните, ние граѓаните и ние граѓаните и меѓународната заедница. Благодарам.

   

Најново

СДС го штити насилникот во Кочани од своите редови, тој и понатаму продолжува да биде нивен коалиционен партнер

Sase Ivanovski

Крстевски по инцидентот во Кочани: Преку опструкции партискиот интерес е ставен пред прогресот на Кочани

Sase Ivanovski

Се закануваат оние што правеа упад и тепаа, вели Мицкоски за најавите за штрајк од контролорите на летање

Sase Ivanovski

Сообраќајна незгода меѓу автомобил и службено возило на МВР, повредени полицајци

Sase Ivanovski

Ларс Ренмарк, од седумчлениот тим од Гетеборг, Шведска, кој престојуваше во Кочани, како психолошка и морална поддршка за семејствата на настраданите: Пожарот во „Пулс“ е екстремен тест за општеството, поседувате ресурси што треба да се искористат

Sase Ivanovski

Нов ирански ракетен напад врз Израел

Sase Ivanovski

Арсовска до градоначалникот на Чаир: Вики, не глуми, какво поткровје секој со очи гледа нова незаконска зграда дивоградба со 40 стана

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во тепачката на седницата подебелиот крај го извлече вработена во општина Кочани. Интервенирала и полицијата

Sase Ivanovski

Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април

Sase Ivanovski

СЛОВЕНЕЧКИ ЕКСПЕРТ ЗА АМПУТАЦИИ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА Државата го најавува следниот чекор во третманот на повредените од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

ДОНАЦИЈА ОД 1 МИЛИОН ЕВРА ОД СОВЕТ НА ЕВРОПА: Педесетина македонски училишта ќе добијат фотоволтаични систем

Sase Ivanovski

ЦУК: Поројните дождови без сериозни штети, поплавени неколку објекти во Арачиново

Sase Ivanovski

МАЛЕСКИ: Без „предавствата“ државата ќе колабира

Sase Ivanovski

ПОРАКА ОД МОСКВА И ПЕКИНГ ЗА ТРАМП Американски напад врз Иран ќе значи опасна ескалација

Sase Ivanovski

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ТРИЈАТ РАЦЕ Ќе има септемвриско покачување на пензиите

Sase Ivanovski

ВЛЕН до Арсовска: Дали бесправно изграден објект во Шутка му припаѓа на Илаз Лесковица – претседател на огранокот на ДУИ во Шуто Оризари

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Кочани е сардисано од опструкции, тврди градоначалникот

Sase Ivanovski

Пронајдено безживотно тело во Охридското Езеро

Sase Ivanovski

СДСМ: Го осудуваме насилството и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Кочани

Sase Ivanovski

Се зголемува цената на дизелот, бензините со иста цена

Sase Ivanovski

Усвоен ребалансот на буџетот, Владата ќе троши повеќе

Sase Ivanovski

Раководителот за урбанизам во Маврово Ростуше кој беше фатен како прима мито осуден на три години и четири месеци затвор

Sase Ivanovski

Мицкоски за „Салтировски Консалтинг“ упати на Љупчо Коцевски во чии раце е истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Во Кочани се одржува средба на родителите на жртвите во пожарот со обвинителите

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Тепачка на седница на советот на Кочани. Се степаа советникот Акиов и координаторот на ВМРО ДПМНЕ Стојков

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се засилуваат притисоците од бугарска страна против усвојување на извештајот на Вајц

Sase Ivanovski

Министерот Тошковски на средба со директорката на Центарот за спречување конфликти на ОБСЕ во Европа, Кејт Фирон

Sase Ivanovski

Нападната вработена во основно училиште во Ѓорче Петров, жена фрлила стол и ја удрила

Sase Ivanovski

Газа: 18 убиени во израелско гранатирање во близина на пункт за дистрибуција на храна

Sase Ivanovski

Најмалку 25 загинати во иранските напади врз областа Тел Авив

Sase Ivanovski

Историска посета: Индискиот премиер Нарендра Моди пристигна во Загреб

Sase Ivanovski

Лице од Македонија прегазено од камион тежок 15.3 тони во Германија

Sase Ivanovski

ИСУСЕ ХРИСТЕ Бугарија се мобилизира против македонскиот идентитет и јазик

Sase Ivanovski

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба, се третира од тешки инфекции на изгорениците

Sase Ivanovski

Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

Sase Ivanovski

Средба на министерот Тошковски со Золт Бунфорд, специјален пратеник на унгарскиот премиер за Западен Балкан

Sase Ivanovski

Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

Sase Ivanovski

Василевска: Пристапот кон европското семејство ќе се прави само врз основа на транспарентна и неоспорна одлука на граѓаните на Македонија

Sase Ivanovski

Сите стапици од плаќањето со картичка во странство: Ова се триковите на кои многумина паѓаат

Sase Ivanovski

Мицкоски вели постоело опасност СДСМ да престане да постои по изборите

Sase Ivanovski

Шукова: Наместо подобри позиции за ЕУ како што ветуваа земјата е целосно закочена

Sase Ivanovski

Песков: Средбата меѓу Путин, Трамп и Зеленски ќе биде резултат на долги подготовки

Sase Ivanovski

„Болницата во Кочани не е гранапче“, рече Клековски и најави дека најголем дел од лекувањето за повредените од „Пулс“ ќе се одвива таму

Sase Ivanovski

Мицкоски: МВР го истражува случајот во РЕК Битола, на вработените е час поскоро да го оспособат блокот 2

Sase Ivanovski

Тозиевски: Со поддршка од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, во Ресен се реализираат капитални проекти

Sase Ivanovski

Посвежо за викенд, од понеделник затоплување и температури до 38 степени

Sase Ivanovski

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 30 до 40 минути

Sase Ivanovski

Крива Паланка го започнува „Кривопаланечко културно лето“ со над 60 настани

Sase Ivanovski

Падот на иранскиот режим би бил тежок удар за Русија

Sase Ivanovski

Кина евакуираше повеќе од 1.600 граѓани од Иран и стотици од Израел

Sase Ivanovski

Заврши судењето против Мерко за незаконско назначување директори во основни училишта, пресудата ќе биде објавена утре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фудбалерите на Јувентус во Белата куќа, Трамп ги праша: Дали може жена да игра во вашиот тим?

Sase Ivanovski

Одморите започнаа, што треба да проверите на автомобилот пред патувањето

Sase Ivanovski

Скопјанец возел со 121 километар на час на место каде било дозволено 50

Sase Ivanovski

Јужното овошје од Костарика седум пати поевтино од домашното: Ако не можеме да пробаме цреши, ќе јадеме ананас!

Sase Ivanovski

Контролорите на летање најавуваат штрајк на 10 јули, ако продолжи вработувањето на партиски кадри за советници

Sase Ivanovski

Вториот блок на РЕК Битола сè уште е исклучен, сомнежите за саботажа се истражуваат

Sase Ivanovski

Сообраќајка на патниот правец Бошков мост – Дебар

Sase Ivanovski

ЕК ја казнува Шпанија! Причината е имотот на странците во земјата

Sase Ivanovski

Кои земји ќе доминираат со светската економија во 2039 година

Sase Ivanovski

Конститутивната седница на Собранието во Приштина беше прекината по 34-ти пат

Sase Ivanovski

Силни експлозии во областите на Ерусалим и Тел Авив

Sase Ivanovski

Со завршен збор на одбраната, продолжува судењето против Мерко за поставувањето директори на четири училишта

Sase Ivanovski

Арагчи: Иран останува посветен на дипломатијата, но ќе продолжи да дејствува во самоодбрана

Sase Ivanovski

Герасимовски: Рана детекција на сколиоза со стручни тимови во новата учебна година

Sase Ivanovski

Угостителите од Трговскиот центар реагираат на кривичната од градоначалникот Крстевски: Oд 700 објекти со решение за отстранување зошто први ние?!

Sase Ivanovski

Денот во 60 секунди – Македонија и Данска ја засилуваат билатералната соработка, Владата продолжува да го подобрува животниот стандард и економскиот развој во Македонија

Sase Ivanovski

АЈДЕ ТРИПУНОВСКИ РЕАГИРАЈ, ОЈДОА 30 МИЛИОНА ЕВРА У БЕСТРАГА: Поради дефект на водоводна цевка се суши тутунот во Прилепското поле – надлежните немаат решение за проблемот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) САД: Новинар кој известуваше за протестот против Трамп се соочува со депортација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тексас: Ракетата „Спејс Икс“ експлодираше за време на тест

Sase Ivanovski

Кина ги евакуира своите граѓани од Израел, а Индонезија од Иран

Sase Ivanovski

Македонски државјанин ќе биде екстрадиран од Грција во Германија, бил баран со потерница за грабеж и убиство

Sase Ivanovski

Орбан: Брисел легна во кревет со Украина, бирократите сакаат да ја продолжат војната

Sase Ivanovski

По седум години повторно се отвора комплексот „Македонско село“

Sase Ivanovski

Путин: Немаше да има руско-украински конфликт доколку Трамп победеше на изборите во 2020 година

Sase Ivanovski

Без струја делови од Центар, Газа Баба, Сарај и Сопиште

Sase Ivanovski

САД се подготвуваат за војна со Иран и преместуваат дел од воените авиони и бродови од базите на Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Трамп го одобри планот за напад врз Иран, но не издаде „конечна наредба“

Sase Ivanovski

Еве како да ја препознаете најслатката лубеница: Најсигурни методи за избор на зрела и сочна

Sase Ivanovski

Избегнувајте го: Ова е најлошиот утрински пијалак за кожа склона на акни!

Sase Ivanovski
Вчитувам....