Осум децении по создавањето на ОН, соочени сме со нови предизвици: геополитичко ривалство, економска фрагментација, климатска криза, сиромаштија, неправда. Иако патот не е лесен, верувам дека е можно да изградиме подобар свет преку фер финансирање, солидарност и вистински партнерства.Како мала европска држава, остануваме посветени на Целите за одржлив развој и нивното интегрирање во националните стратегии.
Благодарна сум на партнерите: ОН, ЕУ, ЕБОР, Светската банка, ЕИБ и агенциите за развој од Австрија, Германија, Јапонија, Шведска, Турција, Велика Британија и други за поддршката во премостувањето на јазот.Поддржувајќи го Договорот од Севиља, ја потврдуваме нашата улога како одговорна страна во глобалниот општествен договор.