19.5 C
Скопје
14/05/2025 13:40
МАКТЕЛ

     

Сиљановска не успеа да го искористи политичкиот капитал

      

Македонската претседателка мандатот го почна со седење во Берлин заедно со Фон дер Лајен, Зеленски и тогашниот премиер Шолц, но не успеа да го искористи политичкиот капитал што ѝ беше даден в раце. Пишува Соња Крамарска. Измина една година од изборот на професорката  Гордана Сиљановска Давкова  за претседателка на државата, и веќе може да се оценат нејзините политики. Освен што е прва жена на највисоката функција во државата, Сиљановска не отстапува многу од нејзините претходници во вилата Водно: се движи по периферијата на политичките збиднувања и внимава да не се замери со Владата.

Прегледот на нејзиниот времеплов на Фејсбук покажува дека претседателката најмногу време потрошила во учество на 150-тина домашни настани, стотина средби во кабинетот а за дочеци и испраќања како и по други поводи примила и околу 70 амбасадори. Анализата на настаните и случувањата за кои има записи на социјалната мрежа отсликува дека Сиљановска во изминатата една година како претседателка на државата повеќе го преферирала церемонијалниот и протоколарниот отколку политичкиот дел од функцијата. Претседателските посети и средби беа прилично ретки, освен посетата на Бугарија, на Азербејџан, на Црна Гора и официјалната  посета на хрватскиот претседател Зоран Милановиќкој неодамна беше во Скопје.

   

Сиљановска имаше добар почеток како претседателка. Еден од првите настани на кој што отиде беше Конференцијата за обнова на Украина што се одржа во Берлин на која организаторите Германија и Украина и дадоа почесно место во првиот ред заедно со домаќините Олаф Шолц и Володимир Зеленски, како и Урсула Фон дер Лајен. Таа се најде во првиот ред и на таканареченото фемили фото од настанот каде покрај домаќините беше и идниот генерален секретар на НАТО, Марк Руте. Меѓутоа подоцнежните настани покажаа дека таа не успеа да го искористи тој политички капитал што ѝ беше даден в раце. Не ги освои ни регионот ни Европа со нејзиниот професорски шарм и женска елеганција, па забележливо отсуствуваа покани за претседателски посети. Неприфатени покани од Макрон

При нејзиниот избор за претседателка, францускиот претседател Емануел Макрон на македонски јазик порача: „Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели. На Гордана Сиљановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за претседател. Франција останува на страната на Северна Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина“. И Сиљановска му возврати: „Се надевам дека Вашата поддршка ќе го отвори  патот на Македонија кон Европа,  а она што можам да се заложам е дека ќе градам консензус за реформи кои ќе им овозможат на македонските граѓани да живеат европски“.

Консензусот за реформи го нема а изостана и соработка со Франција.  Сиљановска не ја прифати поканата на Макрон  да присуствува на отворањето на Олимпијадата во Париз, со невообичаен изговор дека професори од ПМФ и побарале финансиска помош за учество на наши натпреварувачи по математика и физика во странство и таа решила ним да им излезе во пресрет. Исто така таа не присуствуваше и на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз за што исто така доби покана од Макрон. Изговорот беше дека настанал дефект на владиниот авион со кој требало да одлета таму. Таквите случувања покажаа дека светот беше подготвен за Сиљановска но Сиљановска не беше подготвена за светот.

Во меѓународни рамки таа преферира да биде професорка наместо претседателка, често цитирајќи им на соговорниците латински правни поговорки. Нејзина омилена фраза е: „Ако зборуваме за Pacta sun servanda, тогаш да посочам дека во Договорот за добрососедство и пријателство нема ниту еден збор за уставни измени“. Претседателката имаше околу десетина обраќања во странство. Присуствуваше на високопрофилни настани како што беа погребот на папата, Глобалниот форум и климатскиот самит во Баку, Азербејџан, 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц, генералното собрание на Обединетите Нации, Самитот за мир во Украина што се одржа во Швајцарија, состанокот Брдо-Бриони во Тиват и други, каде се сретна и се ракуваше со бројни претседатели. Но тоа не вроди со градење на поблиски релации. На линија со Владата. Претседателката не доби релевантност ниту во политичкиот живот дома, останувајќи во орбитата на Владата за најсуштествените прашања –  ЕУ интеграцијата  и меѓуетничките односи. Таа во интервју по повод една година на функцијата покажа благост кон Владата, одговарајќи на критиките дека нема резултат, со зборовите: „Не можете вие за една година, ниту сум јас Питија ниту е премиерот Мерлин, ниту е г-динот Гаши исто така волшебник, значи не можете да направите. Но, така се почнува, се гледа. Ни волшебници не можат да направат трансформација за една година“.

Претседателката Сиљановска го почна мандатот со одбивање да го каже уставното име на државата  Северна Македонија,  со што ги доведе на раб односите со Грција, а загриженост од таквиот развој на настаните искажаа и повеќе европски лидери. Таа остана доследна на тоа и во периодот кој следеше. По  прашањето за уставните измени  кои се услов за продолжување на преговорите со ЕУ таа заедно со премиерот и владејачката  ВМРО-ДПМНЕ  го застапуваат таборот на тврдите противници за исполнувањето на овој услов. „Замислете, ние треба да посегнеме врз уставни одредби, врз основа на став или записник, односно врз основа на протоколи потпишани од двајца, наш и од бугарска страна министри за надворешни работи“, рече таа во неодамнешното интервју за МРТ. На коментарот на еврокомесарката Марта Кос дека Македонија е тажна приказна во евроинтеграциите, Сиљановска одговори: „Тажна е приказната и на европската демократија“. Но сепак  Македонија е далеку потажна приказна од европската,  а тука се и најавите дека  Албанија и Црна Гора се на чекор до членство во ЕУ,  што ќе ја зајакне агонијата и чувството на бесперспективност во нашата држава. Претседателката Сиљановска заедно со Владата го држат клучот и одговорноста за иднината на Македонија.

   

Најново

Кривична пријава за главниот инспектор на Одделение за лично обезбедување на министри поради лажирање на работни часови

Sase Ivanovski

Иран би можел да создаде нуклеарен конзорциум со земјите од Заливот

Sase Ivanovski

Папата Лав XIV повика на дијалог за мир: Оружјето мора да замолчи

Sase Ivanovski

Увозниците на месо го уништија српското свињарство

Sase Ivanovski

Десетици жени и деца загинаа во нов бран израелски напади во Газа

Sase Ivanovski

Бугарската Влада ги батали државните продавници со евтина храна

Sase Ivanovski

Албански државјанин се обидел да прошверцува 412 литри гориво од Македонија во Албанија

Sase Ivanovski

Ја води ли Виктор Орбан Унгарија кон диктатура?

Sase Ivanovski

Русија се уште не потврди дали Путин ќе се сретне со Зеленски во Истанбул

Sase Ivanovski

Најмалку 16 повредени во украинскиот напад врз Белгордската област

Sase Ivanovski

Киев: Русија се подготвува за голема офанзива

Sase Ivanovski

ЕК: Внимателно ќе ја проучиме одлуката на Судот и ќе решиме за следните чекори

Sase Ivanovski

Трамп до Ал Шара: Можете да направите нешто историско во Сирија

Sase Ivanovski

Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник

Sase Ivanovski

СДСМ: Сопруги, ќерки и браќа на истакнати ВМРО-вци се новите специјализанти во Клиничката болница – Штип

Sase Ivanovski

Адвокатката Јошевска-Анастасовска: Наместо врескање кога треба и не треба, со ладна глава да се види каква е праксата во ЕУ за несреќи со смртни последици

Sase Ivanovski

Изборот на нов гувернер на Народната банка на 20 мај на пленарна седница, ќе се испочитува рокот, најави Мицкоски

Sase Ivanovski

Трамп: Незнам дали Путин ќе дојде на преговорите во Турција

Sase Ivanovski

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Царината спречила шверц на лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, цигари…

Sase Ivanovski

Попладнево протест за Фросина: Тодор Кулаков обвинува за криминален инженеринг

Sase Ivanovski

Ниту еден судија од Велес не прифатил привремено да суди во Кочани, Судскиот совет ја избра Емине Калач

Sase Ivanovski

ОЈО Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот за злоупотреби во РЕК Битола

Sase Ivanovski

Камбовски: Делегирањето на судијката од Велес ќе ја ублажи состојбата со недостиг на судии во Кочани

Sase Ivanovski

Малолетен пешак прегазен во Скопје

Sase Ivanovski

Макрон: Франција е подготвена да распореди нуклеарно оружје низ цела Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Се проширија монтирани фотографии од визи на Заев и Филипче

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Многу скоро ќе се потпише меѓувладин договор за инвестиција, во прашање се денови

Sase Ivanovski

Мицковски- Сите кандидати за гувернер се вонсериски ,на 20 ти овој месец во парламентот ќе биде избран новиот

Sase Ivanovski

Потпреседателката на Движењето ЗНАМ за наша Македонија во посета на Кочани.

Sase Ivanovski

Контраспин: Таравари до вчера беседеше дека Мицкоски со право бара гаранции за во ЕУ!

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: На виралното видео Макрон не крие „ќесичка кокаин“ туку обично хартиено марамче за нос

Sase Ivanovski

Вистиномер: Измислен цитат му се припишува на Фидел Кастро

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Владата инвестира во здравството и образованието, се градат нови патишта и спортски сали

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска на коалицијата на криминалот

Sase Ivanovski

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нема намера да соработува со некој што е близок со ДУИ

Sase Ivanovski

Ристески: Таравари се враќа во прегратките на луѓето кои го осакатија државниот буџет во изминатите години

Sase Ivanovski

Вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија е изнесена на виделина – денес, промоција во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

Петровска: Заминувањето на Таравари го покажува дефектот во владината коалиција

Sase Ivanovski

Студио 10 – Разговор со Златко Перински

Sase Ivanovski

Петрушевски: Нема среќа врз туѓа несреќа!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најдобрата работа е да бидеш зафатен…

Sase Ivanovski

Какви се цените на ист производ кај нас, во сосдеството и ЕУ?

Sase Ivanovski

ВРХОВЕН НА 7 МАЈ ЈА УКИНАЛ ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ЗА ВАСИЛ ЗА ДИЛАЊЕ ДРОГА Возачот што ја усмрти Фросина немал правосилна пресуда против него како отежнителна околност

Sase Ivanovski

Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Осумдесет години по завршувањето на Втората светска војна, некои Европејци забораваат кои биле лошите момци…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арапски коњи ја придружуваат поворката на Трамп по пристигнувањето во Саудиска Арабија со Илон Маск…

Sase Ivanovski

Папата Лео, во првиот познат разговор со странски лидер, разговара со украинскиот Зеленски…

Sase Ivanovski

Индија го прекина молкот откако авионот Рафал, наводно, бил соборен од пакистански ловец од кинеско производство…

Sase Ivanovski

Прекрасната канцелариска зграда „Ананас“ во Синисело Балсамо, во близина на Милано, Италија…

Sase Ivanovski

Моника Марвез: Мажите никогаш не се менуваат…

Sase Ivanovski

Село Света Петка без струја – ЕВН соопшти „дивите приклучоци доведоа до пад на мрежата“

Sase Ivanovski

Прислушкуван разговор: Фикрет Абдиќ и Ратко Младиќ. Oпсадата на Сараево 29.05.1992. Снимка која е сокриена од јавноста во БиХ…

Sase Ivanovski

Топ Тема: Ќе паѓаат ли каматните стапки на кредитите за домаќинствата и компаниите?

Sase Ivanovski

Адвокатот на Васил: Казната е превисока, иста ваква сообраќајка во 2019 година е завршена со 3,5 години

Sase Ivanovski

Обвинителство: Во историјата на овој суд не е изречена 12 години казна затвор за вакво дело

Sase Ivanovski

Димитриевски: Филипче мора јавно да каже што изнел, што однел, чие однел и што планирал

Sase Ivanovski

Aleph го проширува партнерството со Spotify за управување со глобалната продажба на реклами во повеќе од 80 пазари

Sase Ivanovski

Фрчкоски: Кривичната пријава е банална, срамна и полна со неправилности

Sase Ivanovski

СДСМ: Сопруги, ќерки и браќа на истакнати ВМРО-вци се новите специјализанти во Клиничката болница – Штип

Sase Ivanovski

Украдени бисти на Крсте Петков Мисирков и Ѓоргија Пулевски, таа на Кочо Рацин искршена

Sase Ivanovski

Унгарија воведува нови ригорозни закони и казни за дилерите на дрога

Sase Ivanovski

Почина поранешниот претседател на Уругвај, омилениот и скромен Пепе Мухика

Sase Ivanovski

САД санкционираше параван-фирма на Иран која заработувала милијарди преку шверц на нафта

Sase Ivanovski

Нови Сад: Ученици ѝ испратија писмо на поддршка на професорка која во притвор штрајкува со глад

Sase Ivanovski

Скоро секој шести работник на „Нисан“ ќе биде отпуштен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинската војска тврди дека уништила руски ракетен систем вреден 45 милиони долари

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска на коалицијата на криминалот

Sase Ivanovski

Бела куќа: Саудиска компанија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција во САД

Sase Ivanovski

Песков: Руската делегација ќе ја чека украинската страна в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Sase Ivanovski

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

Sase Ivanovski

Анализа на Си-Ен-Ен: Деловните врски на семејството Трамп со Блискиот Исток се зголемија повеќе од трипати

Sase Ivanovski

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со некој што е близок со ДУИ

Sase Ivanovski

Се сакаа си делеа комплименти на крај ни најавеното кафе за збогум ќе го немале

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Првиот милијардер во Албанија го споделува своето патување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кој профитира, а кој губи од „раситнувањето“ на владината коалиција – Меџити го обвинува Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Томовски: Доцниме, но државните возила наскоро ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Автокампот Рино во Струга е надобро рангираниот во Македонија

Sase Ivanovski

Ножеви и мачета пронајдени во автомобил на Табановце, приведени Романци

Sase Ivanovski
Вчитувам....