Нов инцидент од несовесен возач во Скопје, продолжува хаосот во сообраќајот и непочитувањето на сообраќајните правила. Фотографија направена во близина на трговскиот центар „Мавровка“ го прикажува моментот кога возило од марката Audi се движи по пешачка и велосипедска патека, загрозувајќи ја безбедноста на пешаците и велосипедистите.
На фотографијата јасно се гледа дека на патеката во истиот момент се наоѓаат две жени и мало дете, тие се обидуваат да го заштитат детето,аистовремено поминува и велосипедист. Видеото е на следниот линк: https://www.facebook.com/reel/1708479640052368