Скандал во бугарскиот парламент – речиси избувна тепачка меѓу пратениците од „Преродба“ и ПП-ДБ. Претседателката на Собранието Наталија Киселова изрече казна „укор“ за употреба на навредливи зборови кон пратениците од крајнодесничарската партија „Преродба“ Ивајло Попов и Костадин Костадинов и Манол Пејков од ПП-ДБ, објави БНТ. Скандалот беше предизвикан од изјавата на Преродба по повод негодувањето на ПП-ДБ дека многу деца во Бугарија учат руски јазик. Од говорницата, Ивајло Попов ги нарече пратениците на ПП-ДБ „јаничари“. Киселова му даде „опомена“ за неговите „навредливи зборови“. Претседателот на партијата Костадинов го бранеше и ја повтори навредата. И за возврат тој ја доби истата казна.
Страстите се смирија за кратко, но Цончо Ганев ја обнови темата и изјави дека забраната за учење јазици води кон граѓанска војна. Ова го испровоцира Манол Пејков од ПП-ДБ да се качи на собраниската говорница и да ги нарече „лажговци од ниска класа“, а употреби и други навредливи квалификации, поради што се вжешти атмосферата во собраниската сала. Пратениците од „Прерода“ се собраа околу Пејков на говорницата. Благодарение на службениците во редот, немаше физичка пресметка. Наталија Киселова даде 15-минутна пауза и му изрече казна за „забелешка“ и на Манол Пејков.