18.8 C
Скопје
08/06/2025 00:09
МАКТЕЛ

   

СКАНДАЛ ЗА 28 ГОДИШНИЦАТА ОД ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Две студентки од Сараево кои на интернет го поддржаа Ратко Младиќ, што излезе во јавност на годишницата од геноцидот во Сребреница, ќе го продолжат своето школување во Белград – на покана на Александар Вулин

      

Валентина Вујичиќ и Слаѓана Тафиќ, студентки по криминалистика, криминологија и безбедносни студии на Универзитетот во Сараево, ќе го продолжат своето школување во Белград и тоа на покана на Александар Вулин, директорот на Безбедносно-информативната агенција на Србија, со финансиска поддршка од Република Српска. Тоа засега е врвот на скандалот кој започна на социјалните мрежи во време на одбележувањето на 28-та годишнина од геноцидот во Сребреница и дента кога САД воведоа санкции против Александар Вулин.

Што се случи? Сѐ започна така што на 11 јули на Инстаграм почна да се шири порака од студентка, на која покрај фотографија од осудениот воен злосторник Ратко Младиќ пишува „Осуден на бесмртност… беше и ќе останеш наш херој”. На другата фотографија е втората студентка со подигнати три прста и облечена во маица со ликот на Митро Максимовиќ, четникот предводник на единицата Мандини лавови, која во војната беше во состав на војската на Република Српска.

   

Нејасно е дали студентките ги репостирале своите објави од 2021 година или некој на 11 јули реагирал на тие стари објави со скандалозна содржина. Потоа следуваа бурни реакции, прво на социјалните мрежи, а дополнително огорченост предизвика одговорот на една од студентките, која напиша „и нека ве потепавме”. Потоа сето брзо се префрли во медиумите и јавноста.

Факултетот најави истрага, студентите протестираа и бараат казни Веќе следниот ден со соопштение се огласи Факултетот за криминалистика во Сараево, во кое се најавува истражување на околностите. „Факултетот на 12 јули прими пријава за можно неадекватно однесување на студентка на социјалните мрежи, како и содржината на приватни преписки меѓу студенти, па деканот веднаш презема активности во рамки на своите надлежности за утврдување на фактите и околностите во врска со пријавата”, се вели во него.

Поостри беа од Студентскиот парламент при универзитетот во Сараево, од каде наведуваат дека е „неприфатливо што поединечни студенти на своите профили величаат воени злосторници токму на денот кога се одбележува геноцидот во Сребреница”. Поради тоа на 13 јули се одржаа и протести со кои се бара измена на правилникот на Универзитетот и најстроги казни.

Што велат студентките? Како што пренесуваат медиумите, студентките рекле дека спорната фотографија е настаната во 2021 година и дека „не им е јасно зошто сега е пуштена на социјалните мрежи”. Исто така „не им е јасно зошто кренати три прста се квалификуваат како кривично дело и дека дури сега сфатиле оти во Сараево е забрането различно мислење”.

„Немавме намера кого било да провоцираме, ниту да предизвикуваме омраза. Подигањето три прста е во нашата традиција. Гледавме како колегите од бошњачка националност ги величаат и слават лидерите на нивниот народ и тоа не ни беше спорно. Зошто е спорно кога ние ќе ги споменеме нашите предводници? Заради што нам ни се закануваат со смрт, нѐ следат каде и да одиме, ни праќаат пораки со ужасна содржина”, изјавија двете студентки.

Медиумите пренесуваат дека студентките биле изложени на закани и навреди и дека поради тоа поднеле пријави до надлежните полициски управи. Валентина Вујичиќ вели дека се плаши за својата безбедност поради опасните закани што ги добивала преку социјалните мрежи.

„Не сакам да се експонирам во јавноста заради својата безбедност. Од друга страна, не знам што ќе се случи, но секако сметам дека не сме безбедни на факултетот и дека каков и да е исходот од ситуацијата, треба да се дистанцираме од тоа место”, рече Вујичиќ.

Поддршка од Република Српска и понуда од Вулин Поддршка на студентките им даде претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој рече дека студентките кои се изложени на јавен прогон во Сараево – доколку сакаат – можат студиите да ги продолжат на факултет во Република Српска, нудејќи им и помош.

„Деновиве сме сведоци на веење воени муслимански знамиња со кои дојдоа во Република Српска, чии институции направија сѐ за провокациите да поминат без инциденти“, напиша Додик на Твитер.

Потоа очигледно уследи и понудата од Александар Вулин. На прес-конференција во источно Сараево, на 15 јули, на која присуствуваа и Валентина Вујичиќ и Слаѓана Тодиќ, директорот на компанијата “Сараево гас”, Недељко Елек, рече: „Кога се случи инцидентот, ме контактираше директорот на Безбедносно-информативната агенција на Србија, Александар Вулин, кој понуди овие храбри девојки да го продолжат своето школување на академијата за безбедносни науки во Белград”.

Елек, кој им пружал заштита, вели дека двете ќе бидат стипендисти на Србија и ќе имаат сместување во студентски дом во Белград, а останатиот финансиски дел од нивното школување ќе го преземе “Сараево гас” како компанија во сопственост на Република Српска.

Заминување во Белград како „награда”?

„После овие немили настани мислам дека на сите им е јасно оти не е можно продолжување на нашето натамошно школување во Сараево. Затоа со задоволство ја прифативме поканата на господинот Александар Вулин да го продолжиме школувањето на БИА-академијата за безбедност”, рече Тодиќ, која не сакаше да се осврне на настаните од изминатите денови.

Претседателот на Студентскиот парламент при универзитетот во Сараево, Фарук Девиќ, порача дека студентите се разочарани што во Сараево доаѓаат да студираат такви студенти. Тој исто така упати критики на сметка на соседната држава.

„За жал ова е преседан во кој официјалната политика на Србија покажа дека тие ги наградуваат оние кои слават злосторства извршени над нашиот народ и наградуваат глорифицирање на осудени злосторници. Тоа е ситуација која не помага на целокупниот развој на општеството и дефинитивно е потег кој не смееше да се случи. Се случи и покажа каква е вистинската политика на Србија”, рече Девиќ за Н1.

Реакција на правосудството

Управата на полицијата од Сараево примила повеќе пријави по повод објавите на студентките на социјалните мрежи. „Формиравме предмет и го известивме обвинителството на БиХ. Дежурниот обвинител се изјасни и го оквалификува како кривично дело поттикнување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост од член 145a на Кривичниот закон на БиХ, велат од сараевската полиција.

Тој член вели дека „оној кој јавно предизвикува или разгорува национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост меѓу конститутивните народи и останатите кои живеат или престојуваат во БиХ, ќе бидат казнети со затвор од три месеца до три години”, а обвинителството најави дека ќе формира предмет против Валентина Вујичиќ и Слаѓана Тодиќ поради објавените фотографии на социјалните мрежи што се толкува како ширење национална и верска омраза.  (Дојче веле)

   

Најново

Украински пратеник обвинува: Зеленски ги зема парите на загинатите војници

Sase Ivanovski

Бројот на загинатите во нападот во Харков се искачи на четири, 60 се повредени, меѓу кои и едно бебе

Sase Ivanovski

Трамп му се закани на Маск за прв пат од почетокот на спорот: Ќе се соочи со „сериозни последици“

Sase Ivanovski

Германија планира да ги прошири своите бункери и засолништа поради страв од конфликт со Русија

Sase Ivanovski

Најмалку 60 загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа

Sase Ivanovski

Локализиран пожар во село Пелинце – изгоре една куќа, избегната поголема катастрофа

Sase Ivanovski

Франција: Четири лица загинаа во пожар во Ремс, предизвикан од електричен тротинет

Sase Ivanovski

Таткото на загинатиот тапанар на ДНК го искина писмото од претседателката Силјановска Давкова: Ова за мене не важи, вие не сте способни!

Sase Ivanovski

Поранешната на Илон Маск го повика Трамп: Еј Доналд, јави се ако ти треба совет за раскинување

Sase Ivanovski

Вклучување на Машинскиот факултет – Скопје во European ManufacturingSurvey: Пат кон регионална релевантност и видливост

Sase Ivanovski

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија

Sase Ivanovski

ИТАЛИЈАНСКАТА ПРИНЦЕЗА ЕДВАЈ ЈА ПРИЖИВЕА НЕСРЕЌАТА СО МОТОР Марија Каролија се огласи од болничкиот кревет

Sase Ivanovski

ЕУ ги менува правилата: Драстично ќе се намали надоместокот за доцнење на летовите?

Sase Ivanovski

СВР Скопје поднесе пријава за нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација на бул.„Словенија“

Sase Ivanovski

Минималните плати во Европа низ призмата на трошоците за живот

Sase Ivanovski

Директорот на БЈБ Јанев оствари повеќе билатерални средби на вториот ден од конференцијата на Интерпол која се одржува во Атина, Грција

Sase Ivanovski

Захарова: На Украина не и требаат граѓани, ниту живи, ниту мртви

Sase Ivanovski

Кремљ: Путин ќе му помогне на Трамп со Иран

Sase Ivanovski

Ристески: Многу нови мерки и повеќе средства во Оперативниот план за вработувања за 2025 година

Sase Ivanovski

180 сообраќајни прекршоци вчера во Скопје, 15 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

ЕНЕС ИБРАХИМ: Не можам да го разберам амбасадорот Улусој, кој заедно со министерот со српско етничко потекло Стоилковиќ, кој има радикални политички ставови, ги посетува селата во источна Македонија, каде што живеат Турци

Sase Ivanovski

МУ ВЕЛАТ „АУФИДЕРЗЕН“ НА ФОЛКСВАГЕН СО 400.000 ЕВРА ОТПРЕМНИНА Автомобилскиот гигант штеди спогодувајќи се со 20.000 вработени

Sase Ivanovski

БИЛ АГРЕСИВЕН КОН ПОЛИЦАЈЦИ Скопјанец е приведен во Кавадарци

Sase Ivanovski

Работодавачите бараат пензионерите да работат повеќе од 180 дена годишно

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Владата со конкретни мерки и политики кои доведоа до раст на БДП, скоро 11 милијарди денари од Буџетот вбризгани во македонската економија

Sase Ivanovski

ГЕРМАНСКИ ГРАД БАРА НОВИ ЖИТЕЛИ: Нуди 14 дена бесплатен престој, сместување и можности за работа

Sase Ivanovski

„Волстрит журнал“: Иран набавил илјадници тони компоненти за балистички ракети од Кина

Sase Ivanovski

Извозот на Украина во ЕУ повеќе не е без царина

Sase Ivanovski

Високи безбедносни мерки за фудбалскиот натпревар Албанија – Србија во Тирана

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Се вжештува атмосферата во Тирана пред натпреварот Албанија – Србија

Sase Ivanovski

Орбан: Брисел ја води Европа кон конфликт, Украина ја претставува како штит на континентот

Sase Ivanovski

Николовски: Парите од британскиот кредит да се искористат за проекти што ќе враќаат пари

Sase Ivanovski

За две недели регистрирани 71 случај на лептоспироза во Кантонот Сараево

Sase Ivanovski

Во пакет на DHL пронајден бел прав – 12 лица побараа медицинска помош во Германија

Sase Ivanovski

НОВ НЕУСПЕХ ЗА ЈАПОНИЈА Леталото се урна при слетувањето на Месечината

Sase Ivanovski

Патраклиски: За Мерцедес правиме 300.000 работни маички

Sase Ivanovski

Патраклиски од ЕАМ: Бизнисот го започнавме со 7.000 марки во станот на баба ми

Sase Ivanovski

МАСК ЗА ТРАМП: Без мене немаше да ги добие изборите, каква неблагодарност

Sase Ivanovski

Николоски: Допрва ќе ги добиеме условите за задолжувањето со британскиот заем

Sase Ivanovski

Недељковиќ: Модернизирањето на пругата ќе ја зголеми значително економската соработка и туризмот со Србија

Sase Ivanovski

Трамп загуби 1,1 милијарда долари од јавното препукување со Маск

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Патраклиски во „Бизнис муабети“: Како ЕАМ наиде на соработка со Илон Маск?

Sase Ivanovski

Прес – конференција на Крстевски за вториот Јавен повикза финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на Општина Куманово за 2025 година

Sase Ivanovski

Израелската војска верува дека го пронашла телото на лидерот на Хамас Мохамед Синвар

Sase Ivanovski

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Sase Ivanovski

СО ЛИЧНА КАРТА НА ШТИПЈАНКА ЗЕМАЛ БРЗИ КРЕДИТИ Се запознале на Фејсбук, ѝ ветил работа во странска фирма

Sase Ivanovski

Петрушевски: Аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо, народот плаќа за Венко да се луксузира

Sase Ivanovski

Зошто Халкидики има се почесто земјотреси?

Sase Ivanovski

Славевски: Не можам да се пофалам дека уживав во функцијата претседавач на Совет на Град Скопје

Sase Ivanovski

ПРОДАЖБАТА НА ТЕМУ НАГЛО ПАДНА: Веќе не е евтино, ниту толку едноставно

Sase Ivanovski

14.372 ЛИЦА СЕ ПОВРЕДИЛЕ ПРИ ЖРТВУВАЊЕ ЖИВОТНИ Курбан Бајрам бил крвав во Турција

Sase Ivanovski

Анкета: Се зголемува поддршката за демохристијаните, се намалува за Алтернатива за Германија

Sase Ivanovski

„Егзит“ остана без финансирање како казна за поддршка на студентските протести

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ЈА НАДИГРА БЕЛГИЈА, АМА ИСПУШТИ 3 БОДА Алиоски постигна гол за паметење!

Sase Ivanovski

Еден загинат, 19 повредени во пожар во дом за стари лица во Шпанија

Sase Ivanovski

“Мајка ми е мртва за мене” или Зошто жените ги прекинуваат врските со токсичните родители?

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп ja пренасочува опремата против дронови наменета за Украина кон Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Бранимир Јовановиќ за „Слободен печат“: Фалбите за економски раст се празни флоскули и чист пи-ар

Sase Ivanovski

Митови и факти ЕП 16 | Ѓорчев: Колективниот Запад не постои, светот е мултиполарен

Sase Ivanovski

Руте: Мора да ги зголемиме одбранбените трошоци за да можеме да се браниме

Sase Ivanovski

Трамп нареди истрага за активностите на Џо Бајден

Sase Ivanovski

ЗОШТО НЕ Е ДОБРО ДЕЦАТА ДА ИМААТ СВОИ ПАРИ? Не смеат да прават што сакаат и да трошат без да прашаат

Sase Ivanovski

МОМЧЕ ОД НЕГОТИНО БИЛО ПРЕТЕПАНО ОД ТРОЈЦА НАСИЛНИЦИ Побегнало кај родителите, удриле и по нив

Sase Ivanovski

Хамас тврди дека израелската армија го опколила делот од Газа каде што држи израелски заложник

Sase Ivanovski

АНГЕЛА И АНДРЕЈ СЕ ВРАТИЈА ДОМА Од болницата во Белград отпуштени се последните пациенти повредени во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

САД го назначија Алексус Гринкевич за нов врховен командант на НАТО за Европа

Sase Ivanovski

Парите од УСАИД, САД ќе ги даваат на фондација за помош на Газа

Sase Ivanovski

Министрите на НАТО ја договорија најголемата програма за оружје од Студената војна

Sase Ivanovski

ДЕН ЗА СПОМНУВАЊЕ НА МРТВИТЕ Македонски народни обичаи и верувања за Духовден

Sase Ivanovski

Со 250 милиони долари, Стејт департментот ќе го финансира доброволното враќање на мигрантите

Sase Ivanovski

СРЦЕТО РЕАГИРА БУРНО НА ЖЕШТИНАТА Еве како да се заштитите и да спречите срцев или мозочен удар

Sase Ivanovski

ЗА ОНИЕ НА КОИ ХРАНАТА ИМ Е УТЕХА Еве како да препознаете емоционално прејадување

Sase Ivanovski

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ СВЕТА ГОРА Се стресе Халкидики, туристите се во паника

Sase Ivanovski

КОЛКУ ПАТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ СЕКС ЗА ДА НЕ БИДЕТЕ ДЕПРЕСИВНИ? Науката го откри магичниот број

Sase Ivanovski

АПСАЈД ДАУН Биполарно растројство: 10 симптоми и како да ги препознаете?

Sase Ivanovski

Косово: И 28. обид за конституирање на парламентот заврши без успех

Sase Ivanovski

Русија ја обвинува Украина за одложување на договорената размена на затвореници

Sase Ivanovski

Ивановска: Сега е шанса да се расчисти со дивоградбите во Чаир

Sase Ivanovski

Тошковски за ИБНА: Ова што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда

Sase Ivanovski

ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури

Sase Ivanovski
Вчитувам....