Хаос во англискиот фудбалски клуб Манчестер Ссти поради непромислен потег на првата ѕвезда на тимот. Британските медиуми известуваат за голем скандал. „Сан“ објави дека жена која е маскота на клубот на домашните натпревари била шутната од Норвежанецот Халанд. Сето тоа се случи додека позираа за клупска фотографија во октомври минатата година. Жената пријавила во полиција дека се здобила со повреда на вратот, потрес на мозокот, повраќала и имала силни болки, а сето тоа поради удар од Халанд „на шега додека поминуваше покрај него“.
Се чини дека тоа не беше шега за неа, ако се точни сите тврдења што ги изнела во полиција. – Бев прилично вознемирена и плачев, главата ми чукаше и мислам дека бев во шок. Подоцна сфатив дека тој дојде зад мене, ме удри по главата и потоа се потпре на мојата глава – се нејзините зборови за „Сан“. Манчестер сити објави дека спровеле темелна истрага за случајот и утврдиле дека нема докази дека такви работи навистина се случиле.
Manchester City player Erling Haaland allegedly left a woman working as the club’s mascot with a head injury https://t.co/XUXcezfY1J
— The Telegraph (@Telegraph) March 29, 2025