25.8 C
Скопје
22/05/2025 17:55
МАКТЕЛ

     

Скенирајте ги вашите зеници и докажете дека сте човек – новата дигитална борба за идентитет

      

Worldcoin претставува иновативен обид за дигитална идентификација преку биометриски податоци, ветувајќи финансиска инклузија за сите. Сепак, неговиот пристап отвора сериозни прашања за приватноста, етичките норми и безбедноста на личните податоци. Дали сте робот? Сигурно досега многупати се имате сретнато со ова прашање кога пристапувате до некој сајт или социјална мрежа. Ваквиот филтер познат како reCaptcha на „Гугл“ го користат многу сајтови за да не бидат злоупотребени од ботови. Но, во светот на дигиталната технологија и криптовалутите се појави нова, далеку поконтроверзна форма на докажување дека сте човек: „скенирање“ на вашите очи преку мистериозната сребрена сфера позната како „ОРБ“ (Orb). Создаден од Сем Алтман, извршен директор на познатата комапнија „OpenAI“, уредот – „World Orb“ или само „ОРБ“ е дел од амбициозен крипто проект наречен „Worldcoin“, кој има за цел да изгради глобален систем за дигитален идентитет и да дистрибуира нов вид на крипто валута. И сето тоа да го прави со тоа што вие ќе ги дадете своите биометриски личнни податоци. Поддржувачите велат дека тоа би можело да го отвори патот за универзален основен приход и да помогне во разликувањето на луѓето од вештачката интелигенција во сè поавтоматизиран свет.  Chat GPT го создава проблемот, Orb го решава Сем Алтман е добро позната личност во Силиконската долина, кој врвот на својата кареира го дочека како поранешен претседател на „Y Combinator“, еден од највлијателните стартап инкубатори во светот. Во 2019 година, тој презеде поголема јавна улога како извршен директор на OpenAI, истражувачката лабораторија зад ChatGPT и еден од клучните двигатели на сегашното движење на вештачката интелигенција.

Алтман е ко-основач на Worldcoin, заедно со Алекс Бланија, физичар и инженер кој сега е извршен директор на проектот, и Макс Новендстерн, поранешен инвеститор со искуство во развивање на програми. Триото го лансираа Worldcoin со премиса: да се создаде нова глобална дигитална валута што би можела да биде праведно распределена на секое лице на планетата. Не преку банки, туку преку биометриски идентитет. За да ја изградат инфраструктурата за оваа визија, тие го креираа стартапот „Tools for Humanity“ (TFH), технолошка компанија со седишта во Берлин и Сан Франциско, задолжена за развој на хардвер како што е „ORB“ и софтверските системи како „World App“ и „World ID“ потребни за работа на мрежата. Од своето основање, Worldcoin досега има собрано стотици милиони долари капитал од поддржувачи како Андерсон Хоровиц, Коинбејс Венчрс, па дури и Реид Хофман од Линкедин. Од самиот почеток, проектот се позиционираше на пресекот на новите технологии, финансиската инклузија и дебатата за тоа како да се управува со идентитетот во дигитална иднина водена од вештачка интелигенција. Во своите рани фази, Worldcoin привлече значителни инвестиции собирајќи 25 милиони долари во октомври 2021 година, по што следеа дополнителни 100 милиони долари во рок од шест месеци, со што проценката на токенот се искачи на 3 милијарди долари. Сепак, овој пристап предизвика критики за таргетирање на заедниците со пониски приходи и ги предизвика многумина да станат загрижени за заштита на приватноста.

   

И покрај овие предизвици, Worldcoin продолжи да се шири, со над 12 милиони корисници во повеќе од 100 земји од мај 2025 година. Проектот, исто така, се има соочено со регулаторен надзор, со истраги и суспензии во земји како Кенија, Шпанија и Хонг Конг.

Фото: Ко-основачите на стартапот „World Chain“ Алекс Бланија и Сем Алтман, скриншот од Јутуб видеото за најава на „A New World“

Што е ОРБОТ? Орбот е уред со големина приближно колку топка за куглање, која што има скенер за вашето лице и вашата зеница. Внатрешно, Орбот содржи софистициран систем со две камери: камера со широк агол ја снима целата сцена, и телефото камера наменета само за вашите очи. Нема ниту звучник, нема начин за да ви даде повратни информации директно. Сè функцинира преку вашиот мобилен каде што прво ги поврзувате двата уреда преку Bluetooth за да може да започне процесот на скенирање. На вашиот мобилен ќе добиете информации дали скенирањето е успешно или не, а и дополнителни информации. Не станува збор за уред кој што може да даде повратна информација како например „Amazon Alexa“. Кога некое лице ќе погледне во орбот, таа снима детални слики од нејзините зеници и ги обработува овие слики користејќи напредни алгоритми за машинско учење за да генерира единствена нумеричка репрезентација позната како „код на зеницата“. Овој код служи како безбеден, анонимизиран идентификатор што ја потврдува единственоста на лицето без да ги складира вистинските биометриски слики. Процесот е дизајниран да биде брз и лесен за користење, обично бара само неколку секунди. Откако ќе се генерира кодот на ирисот, тој се споредува со постојните кодови во системот Worldcoin за да се осигури дека поединецот претходно не е регистриран, со што се спречуваат дуплирање на идентитети. Орбот ја извршува целата обработка локално и никакви сурови биометриски податоци не го напуштаат уредот освен ако корисникот експлицитно не се согласи на резервна копија на податоците за идна употреба.

Компанијата со орбот сакаат традиционалните системи за идентификација кои често се потпираат на документи како што се пасоши, возачки дозволи или лични карти, и коишто можат да бидат изгубени или фалсификувани, да бидат целосно заменети со дигитална идентификација.

Фото: Орбот од компанијата Tools for Humanity, скриншот од официјалниот сајт

Како функционира орбот? Во срцето на системот на Worldcoin е World ID, дигитален идентитет што ја зачувува приватноста и му се доделува на поединци по биометриска верификација. World ID функционира како дигитален пасош, овозможувајќи им на корисниците да ја докажат својата уникатност без да откриваат лични информации. WLD токен – По успешната верификација и креирање на World ID, корисниците добираат пристап за користење на токени на Worldcoin (WLD). Првично, корисниците добиваат дел од доделените WLD токени кратко време по верификацијата. Останатите токени се отклучуваат постепено во период од 12 месеци. World App е официјалниот дигитален паричник на Worldcoin и служи како примарен интерфејс за корисниците да комуницираат со нивниот World ID и WLD токени.

Глобалното воведување на Worldcoin е исполнето со различни регулаторни одговори. Додека проектот има за цел светско усвојување, многу земји веќе воведоа ограничувања или забрани поради загриженост во врска со приватноста на податоците и ракувањето со биометриски информации. Во САД, Worldcoin неодамна ги прошири своите услуги, лансирајќи во неколку градови и правејќи го токенот WLD достапен за сите корисници таму.

Фото: Растот и Падот на World Coin на крипто пазарот, скриншот од сајтот Coinmarketcap

Колку чини и како може да се купи? Според Tools for Humanity, компанијата зад Worldcoin, лицата заинтересирани за купување на Орбот прво мора да уплатат депозит од 100 долари што може да се рефундира. Подоцна, на корисниците ќе им се даде можност да го купат или изнајмат уредот, иако конечната цена сè уште не е објавена. Компанијата изјави дека цените ќе ги одразуваат трошоците за производство, логистиката и регулативите за увоз. Се очекува испораката да започне уште во вториот квартал од 2025 година. Орбот не се продаваат во малопродажни салони или платформи за е-трговија. Наместо тоа, Worldcoin отвори водечка продавница на плоштадот Јунион во Сан Франциско, која им нуди на посетителите можност да ги регистрираат своите перуники, но не и да го купат уредот. Визијата на оваа физичка локација е да биде многу слична како проданиците на Ејпл (Apple).  И покрај комерцијалниот интерес, Орбот не е широко достапен како нормален уред. Тој е дел од строго контролирана стратегија за воведување, обликувана од сложени правни, етички и технолошки размислувања. Таа реткост и ексклузивност може да бидат дел од она што го поттикнува интересот – но исто така придонесуваат кон контроверзноста. Македонија не е на листата на земји од каде што може да се нарача.

Цели и филозофија Примарната мисија на Worldcoin е да создаде универзално достапен систем за дигитален идентитет – World ID. Оваа иницијатива има за цел да ги разликува вистинските луѓе од ботови креирани со вештачката интелигенција, што е сè поголема загриженост бидејќи содржината генерирана од вештачка интелигенција станува сè пософистицирана.  Значаен аспект на филозофијата на Worldcoin е олеснувањето на универзалниот основен приход (UBI). Сем Алтман предвидува иднина каде што продуктивноста водена од вештачка интелигенција би можела да генерира доволно богатство за да обезбеди основен приход за секој поединец. Иако Worldcoin се стреми да биде децентрализиран протокол, неговиот развој и работење се првенствено водени од Tools for Humanity (TFH), компанија ко-основана од Алтман. TFH беше инструментална во развојот на клучни компоненти како што се Orb и World App. За да се промовира децентрализацијата, Фондацијата Worldcoin беше основана како независен субјект за надгледување на управувањето и растот на протоколот. И покрај овие напори, дискусиите продолжуваат во врска со рамнотежата помеѓу централизираниот развој и целта за целосно децентрализиран систем. Додека компанијата тврди дека биометриските податоци се претвораат во хаш кодови и не се чуваат како сурови слики, застапниците за приватност тврдат дека секој биометриски систем може да биде ранлив на протекување или злоупотреба. Откако ќе се компромитираат, биометриските податоци не можат да се менуваат како лозинка.

Критичарите, исто така, изразуваат загриженост дека собирањето такви чувствителни податоци може да доведе до надзор или неовластено следење, особено во земји со слаби закони за заштита на податоците.  Неколку земји веќе имаат преземено мерки против Worldcoin поради загриженост за приватноста и заштитата на податоците. Првата земја којашто го стори тоа беше Кенија Во август 2023 година. Кенија ги суспендираше активностите на Worldcoin, наведувајќи загриженост за приватноста и безбедноста на податоците. По Кенија веднаш дојде и Португалија каде што Португалскиот орган за податоци привремено го суспендираше Worldcoin, наведувајќи загриженост за заштитата на податоците за малолетници вклучени во процесот на скенирање на ирисот. Шпанската агенција за заштита на податоци му наложи на Worldcoin да ги избрише сите складирани податоци за ирисот, наведувајќи дека проектот ги крши прописите за заштита на податоците и нема потребни безбедносни мерки. Сферата на Worldcoin се наоѓа на раскрсницата на иновациите и контроверзиите. Од една страна, ветува дека ќе реши една од најсложените дигитални дилеми на 21 век: докажување сте човек. Нуди иднина каде што универзалниот дигитален идентитет би можел да го отклучи пристапот до глобалните финансии, правото на глас, па дури и до основниот приход. Но истата технологија што има за цел да го заштити идентитетот би можела исто толку лесно да го компромитира. Биометриските податоци се трајни – не можете да ги менувате вашите ириси како лозинка. За многумина, особено на недоволно регулираните пазари, идејата за скенирање очи во замена за криптовалута крева црвени знамиња околу надзорот, согласноста и дигиталниот колонијализам. Извор: Новинска агенција МЕТА

   

Најново

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Sase Ivanovski

Претставничкиот дом на САД го усвои сеопфатниот закон за намалување на даноците предложен од Трамп

Sase Ivanovski

Летната сцена „Славиша Кајевски – Млади за млади“ оваа година со хуманитарна цел

Sase Ivanovski

Новиот став на Трамп за војната во Украина: Тоа не е мој проблем

Sase Ivanovski

Екс директорите на Онкологија Васев и Нухи, обвинети за злоупотреба, измама и проневера

Sase Ivanovski

11 лица приведени за примање поткуп и примање награда

Sase Ivanovski

Малолетничка раскинала со дечко ѝ, а тој објавил нејзини фотографии со експлицитна содржина

Sase Ivanovski

Каја Калас утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Македонија потпиша договор за економска соработка со Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

МТСП: Министерот Лимани оствари средба со Амбасадорот на Државата Катар, Н.Е Рашид Бин Саид Ал- Хајарин

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Да лицитираше Бујар со откажување од криминалот на својата партија како што лицитира со македонскиот идентитет, државата ќе беше веќе во ЕУ

Sase Ivanovski

Перински: Министерството за локална самоуправа активно се вклучува со конкретни активности за решавање на проблемот со аерозагадувањето

Sase Ivanovski

(ФОТО) Осврт од вчерашното отворање на ретроспективната изложба на Анета Светиева во Даут пашиниот амам

Sase Ivanovski

Производите на Витаминка на престижниот China-CEEC Expo 2025 во Кина

Sase Ivanovski

Менаџмент консалтинг асоцијацијата: МКА 2000 го зацврстува менаџмент консалтингот – 25 години професионализација и иновации

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска на средба во СКСМ – Намалуваме царини на 70 производи, ќе се зголеми производството и извозот

Sase Ivanovski

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас во посета на Балканските медицински наменски сили

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со Зеленски

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода возач во Штип, управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Бендевска – Џоу: Односите со Кина се базираат на меѓусебна почит и заемна поддршка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КХС: Масовно незаконско одлагање отпад во Општина Аеродром

Sase Ivanovski

„Замисли“ на дебата со штипјани: партизацијата и корупцијата ја испразнија источна Македонија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС заборава дека претседател на политичка партија претходник на нивната беше назначен за гувернер

Sase Ivanovski

Пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија предлага закон со кој прагот за регистрираните земјоделци како даночни обврзнициќе се зголеми од два на четири милиони денари

Sase Ivanovski

Средба на министерот Дурмиши со заменик-гувернерот на ГАФТ: Саудиска Арабија изрази подготвеност за економска соработка

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Куманово, одземеното е пронајдено, следува пријава

Sase Ivanovski

Групата за соработка со пратеници од различни партии, но со ист став за зајакнето пријателство со Кина

Sase Ivanovski

Министерство за економија и труд: Заменик-министерот Ристески ја предводи македонската делегација на Четвртиот China-CEEC Expo 2025 во Нингбо

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Наместо експерт – партиски пулен, СДСМ нема да го поддржи Трајко Славевски за Гувернер

Sase Ivanovski

Возач прегазил 13-годишно девојче кај Батинци и избегал

Sase Ivanovski

Државниот министер за Европа во германското МНР: Мора да продолжи политиката на санкции против Додик

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ повторно го поднесе Законот за поддршка на настраданите во Кочани, бараме поддршка од сите пратеници

Sase Ivanovski

Обезбедувањето застрела едно лице пред зградата на ЦИА во Вирџинија

Sase Ivanovski

Стружанец и охриѓанка се тешко повредени, со „Мерцедес“ излетале од патот кај „Инекс“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Путин од Курск: Русија треба да биде поголема

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мансиевски: Филипче да излезе од дупката во која се крие и да одговори на јавноста за акциите во индиската авиокомпанија, за златната виза и за пресудата за Модуларна болница

Sase Ivanovski

ЈПКХС: Во врска со написот под наслов „Нова минидепонија близу Железничка – двоседи, веце школка, искршени контејнери…

Sase Ivanovski

СДСМ: Предлогот Трајко Славески да биде Гувернер значи погребување на последната независна институција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Мицкоски од Желино: Секаде подеднакво инвестираме, продолжуваме со реализација на инфраструктурни проекти

Sase Ivanovski

Мајка со порака до Мицкоски – Дојдете лично во Кочани, лице в лице со болката

Sase Ivanovski

Полицајци дозволиле нелегален престој на студенти од Турција , истрага против 11 осомничени

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус во образование, здравство, инфраструктура ќе се градат факултети, болници, железници

Sase Ivanovski

Универзална сала „чека“ локални избори за да продолжи нејзината обнова

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 2023 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 362 за брзо возење

Sase Ivanovski

Новиот гувернер да заборави дека постои ВМРО-ДПМНЕ – порака за Славески пред да седне во НБРМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Со ново задолжување од 6 милијарди евра јавниот долг ќе надмине 115% од БДП

Sase Ivanovski

Бугарија прва во ЕУ ќе почне да ги прска нивите со дронови

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова прими делегација на Уставниот суд на Република Хрватска

Sase Ivanovski

Општина Карпош за 73 отсто ги намалила трошоците за струја со новото улично осветлување

Sase Ivanovski

Finance Think: ФТ Став бр. 64 за заемот од британската влада

Sase Ivanovski

СДСМ заборава дека претседател на политичка партија беше назначен за гувернер, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

„Кој е следен“: И оваа сабота одиме за Кочани. Не смееме да ги оставиме сами!

Sase Ivanovski

Заврши второто издание на Деновите на поезијата – Убавата авантура на поетскиот збор продолжува догодина – Културната разновидност не претставува закана, туку збогатување

Sase Ivanovski

За трагедијата во Кочани сослушани 300 сведоци – се собираат и нови докази

Sase Ivanovski

Скандал Онкологија: Обвинителството гони лекари за тешки дела против здравјето на луѓето и за буџетски злоупотреби

Sase Ivanovski

Владев: Благодарение на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ која работи чесно во Свети Николе ќе се реализираат голем број на проекти

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестициски бум во здравството, почеток на реконструкција на ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство Скопје

Sase Ivanovski

СДСМ пак го поднесе предлог-законот за настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи и треба да го добие вистинското место во дипломатијата

Sase Ivanovski

СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер на Народната банка

Sase Ivanovski

Мицкоски: Во првиот квартал од годината за 5 проценти е зголемен извозот на земјоделски производи

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ќе се гради Медицински факултет, ќе се завршат и реконструкциите на болниците во Кичево, Тетово и Штип

Sase Ivanovski

Собранието на 3 јуни ќе го гласа предлогот Славески да биде нов гувернер

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова прими претставници на влашката заедница

Sase Ivanovski

Автопатот станува поскап: Кинезите ја зголемија цената три пати, Србија се задолжува со уште 298 милиони евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Коди Санчез: Штедењето „никогаш нема да ве натера да станете богати!

Sase Ivanovski

Нино Васев и Мери Пешевска од Оддел дојка и Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски од Оддел за бели дробови се четворицата обвинети онколози за несовесно лекување на пациенти

Sase Ivanovski

Греалките, климите и инвертерите пуштени на најјако, се трошат и дрвата набавени за догодина

Sase Ivanovski

Од тревите во Козле, Влае 2 и кај „Веро“ во Тафталиџе змиите се бркаат со „репелент“

Sase Ivanovski

Просечна нето плата во март 44.763 денари

Sase Ivanovski

Мицкоски за објектот во Чаир: Од филозофирање нема фајде, Арсовска има ингеренции да постапи

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ќе продолжиме да им помагаме на семејствата на повредените во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Бегалски кампови во Македонија нема да има, таа тема е затворена, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

Македонец лажел дека е лекар и заработил 270.000 евра во Хрватска

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ќе се памети штетата што ја направи еден наш поранешен министер, кој преговараше за нашиот идентитет

Sase Ivanovski

Во Железара и Јурумлери „пролетно“ се мереше загадувањето на воздухот

Sase Ivanovski

Чудо невидено: Јапонски министер поднесе оставка откако добил бесплатен ориз!

Sase Ivanovski

Московските аеродроми затворени по нападот со украински беспилотни летала

Sase Ivanovski

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи предлогот Трајко Славески да биде иден гувернер

Sase Ivanovski

Грчките власти не соработуваат со европските обвинители за измамите со земјоделските субвенции

Sase Ivanovski
Вчитувам....