24.8 C
Скопје
05/05/2025 13:58
МАКТЕЛ

     

Скопската „гротескотопија”

      

Како можеше Скопје да падне во амнезија и да ја заборави својата модерна приказна за солидарноста и хуманоста, дозволувајќи им на неуките да го „заробат” со евтина античка копија, со кич и милитантен патос? Во разговорот со еден млад Германец, студент на факултетот за индустриски дизајн, кој престојуваше еден семестар во Токио, патемно му кажав дека урбанистичкиот мастер-план за обновата на Скопје по земјотресот 1963 беше на јапонскиот архитект Кензо Танге. Тој се восхити и ме праша дали знам дека тој во Јапонија е вистинска легенда и дали скопјани се горди што нивниот град го планирал светски познат архитект.

Не знаев што да му одговорам. Уште понезгодно ми стана кога тој, откако во ГУГЛ ги најде сите податоци за урбанистичкиот мастер-план за Скопје на Танге, ми рече дека еден ден мора да го посети Скопје и да ги види сите прочуени градби од фотографиите во интернет. Особено го восхити футуристичката градба на Mакедонската пошта на кејот на Вардар. Кога си замислив што тоа момче  ќе помисли за Скопје и скопјани, кога би дошло и би ја видело руинираната зграда на Поштата, ми стана јасно дека Скопје е голем парадокс и симбол за културно варварство. Се прашав, што ќе помисли тоа момче, кога ќе трага по Железничката станица, чија изведба ја раководел токму Кензо Танге? И кога ќе сознае дека таа е целосно запуштена.

Mакедонската пошта на кејот на Вардар, Скопје, Северна Македонија
Футуристичката градба на Mакедонската пошта на кејот на ВардарФотографија: Transportministerium Nordmazedonien

   

Што ќе помисли за луѓето кои живеат во градот со таква прочуена архитектонска приказна, поради која Скопје се споменува во историјата на модерната архитектура, а самите не се свесни за вредноста за градбите кои ги оставаат да се распаднат? Катаклизми: Си признав дека и мене Скопје одамна ми заличува на модерен дистописки роман за град кој е прогонуван од катаклизми. Прашањето е, кои се попогубни за него – оние од непресметливата природна стихија или оние од непресметливата човечка глупост? Римскиот Скупи во 518 и „социјалистичко” Скопје во 1963 ги урна земјотрес. Природна непогода беше и чумата, поради која австрискиот генерал Пиколомини во 1689 го запалил османлиско Скопје. Секако, за урнатините има лек, зашто добрите архитекти и градители можат да направат план за обнова на градот. Последиците од елементарната непогода, сепак, дозволувааат градот да никне нов од урнатините како Феникс од пепелта. Пострашна за Скопје е катаклизмата која нема крај, која е резултат на човечката глупост и алчност, а се одигрува секој ден со неконтролираното, хаотично градење на грди градби.

Затоа катаклизмата во приказната на Скопје во дваесет и првиот век нема достоинство да се нарече ниту дистопија, затоа што таа се случува во. иднината.  Денешново Скопје е вистинска „гротескотопија”,  симбол за грдост, невкус, неукост и архитектонско варварство. Скопската „гротескотопија” раскажува како еден футуристички град ненадејно стана жртва на менталниот феномен „антикоманија”. Во психологијата манијата е секогаш патологија. Катаклизмата која Скопје од дваесеттиот век ја доживеа во дваесет и првиот е автодеструктивен чин, со кој на еден град минатото му ја „заробува” засекогаш иднината. А без иднина градовите не можат да живеат. Тие тогаш се заробени во анахроноста и ретроградноста и почнуваат однатре да се распаѓаат, како да се вистински антички урнатини. Притоа на градбите од „Скопје 2014” не им требаа векови за да почнат да се распаѓаат. Од град на солидарност до „европска престолнина на кичот”

Како да се нарече градот кој по земјотресот беше познат во целиот свет како најмодерниот град, а поради кошмарниот сон на еден политичар се преобрази во  „европска престолнина на кичот”?  Светските архитекти го нарекуваа новото Скопје најфутуристичкиот град, ако не во цела Европа, барем на Балканот. Иако земјотресот го урна до темел, со обновата во која учествуваше целиот свет, Скопје конечно ја доби својата нова приказна која говореше за надеж и иднина.

Хрушчов Тито  Скопје земјотресот во 1963 година
Хрушчов го придружуваше Тито во посетата на Скопје само ден-два по земјотресот во 1963 годинаФотографија: United Archives International/Imago Images

Скопје стана познат во целиот свет  како град на солидарноста, затоа што сиот свет учествуваше во неговата обнова. Веднаш по земјотресот почна да се испишува таа нова приказна за мирот, солидарноста и хуманоста. Приказната на постземјотресно Скопје е преполна со симболика. На пример, во урнатините на Скопје се сретнаа првпат по времето на „Студената војна” американските и советските војници, кои заедно помагаа во спасувањето на настраданите. Советскиот Сојуз веднаш изгради во Скопје фабрика за изработка на монтажни делови за брза градба на станбени згради. Хрушчов го придружуваше Тито во посетата на Скопје само ден-два по земјотресот. Од сите страни на светот стигнуваше помош за Скопје. Затоа тој е град на солидарноста, иако на денешните скопјани тоа ништо не им значи. Тие ја оставија  „Универзална сала”,  симболот за солидарноста, да изгори сред бел ден како свеќа.

Катастрофата во 1963 одекна во целиот свет и Скопје наиде на огромна солидарност. Ретко кој град имаше можност, со помош на ОН, да се распише меѓународен конкурс за неговата обнова. На тој начин, поземјотресно Скопје пишуваше нова историја во областа на модерната архитектура. Освен тоа, да се возобнови цел град изискува вистински мастер-план. Тоа беше предизвик за многу познати светски архитекти, затоа што таквите случаи се ретки. Планот за обнова на Скопје бил изработен од југословенската влада во соработка со ОН во периодот од 1963 до 1966. На меѓународниот конкурс во 1965, распишан од ОН, се пријавиле многу познати југословенски и странски аархитекти. Реализацијата на обновата на Скопје е единствен пример на меѓународна соработка под раководството на ОН. Урбанистичкиот мастер-план на Кензо Танге беше избран на конкурсот на ОН во 1965. Во него тој направи симбиоза од неколку правци во модерната архитектура.

Се вели дека се инспирирал од стариот град во Дубровник, со градски ѕид и со градска порта. За жал, од тој план беа реализирани само зградите од Градскиот ѕид. Тоа бил првиот случај во кој јапонски архитект, надвор од Јапонија ја применил јапонската архитектонска теорија на „метаболизмот”, која ги обединува природните со артифицирелните форми. Реконструкцијата на Скопје имаше меѓународно значење не само поради авторитетот на Танге, туку и затоа што создаде нов меѓународен модел за обновата на цел град. Не е безначаен и фактот што планот и процесот на обновата на Скопје во ОН го координирал прочуениот холандски архитект Ернест Вајсман, кој дипломирал 1926 на архитектонскиот факултет во Загреб, а е познат и по соработката со уште попрочуениот архитект Корбизје, за кого снимил документарен филм. Францускиот архитект Морис Ротивал за обновата на  Скопје по мастер-планот на Танге, изјавил дека „светот сега очекува новото Скопје да стане не само град-модел, туку и споменик за надежта во еден подобар свет. ”

Зошто никој не помислил на поземјотресните градби во Скопје да им се додели веднаш посебен карактер на споменици на културата од особено значење? Како можеше Скопје да падне во амнезија и да ја заборави својата модерна приказна за солидарноста и хуманоста, дозволувајќи им на неуките да го „заробат” со евтина античка копија, со кич и милитантен патос, оставајќи ги оригиналите од светско значење да пропаѓаат?  Само градот што не се почитува ниту себеси, ниту своите граѓани  може да „заболи” од таква амнезија и да ја заборави и меѓунардната солидарност и вредноста на градбите од постземјотресната архитектура, по кои Скопје влезе во сите студии како пример за футуристички град. Во Скопје се‘ се распаѓа: Обновата на Скопје се одвиваше во годините по земјотресот според највисоките меѓународни архитектонски, естетски и технички критериуми, бидејќи беше раководена и координирана од ОН и планирана од многу прочуени светски и домашни архитекти. Тие до крајот на седумдесеттите ги реализираа сите познати објекти кои беа инспирирани од мастер-планот на Кензо Танге. Такви градби се, на пример, училиштето „Песталоци”, Студентскиот дом, МАНУ, Универзитетскиот комплекс, Поштата и Железничката станица. Некои од нив денес се или во процес на распаѓање или веќе се претвориле во урнатини, како Поштата и Железничката станица. Околу нив никнат секој ден нови градби на градежната мафија која, небаре е зол дух од бајките, го попречува со својот кич погледот врз оригиналните модерни дела. Најстрашното е што во моментот во Скопје се‘ се распаѓа – и футуристичките дела од поземјотресно Скопје и „злоделата” на античкиот кич.  Така е секогаш кога еден град ќе ја изгуби својата приказна и ќе се претвори самиот во „гротескотопија”. Кица Колбе

  

Најново

Во Скопје се уапсени тројца студенти од Турција, ограбиле таксист

Sase Ivanovski

Денко Малески: Кажи само па ќе те обесат на плоштад!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Мајката до судиите кои ѝ го одзедоа детето: Дали сте свесни какви трауми ќе предизвикате кај тоа дете?

Sase Ivanovski

Многу ја чинат државата – колку заработуваат германските пратеници?

Sase Ivanovski

Граната од Прва светска војна пронајдена во нива во Новаци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ужас во Нови Сад: Маж уринираше врз свеќите и цвеќето за жртвите од несреќата

Sase Ivanovski

Улицата „Алексо Демниевски“ во Диво Маало добива 13 новоасфалтирани краци

Sase Ivanovski

Средбата на Путин со Трамп е неопходна, вели Кремљ

Sase Ivanovski

Мицкоски: поради локалните избори во јуни ќе има ребаланс на Буџетот.

Sase Ivanovski

Трамп планира рекорден буџет од трилион долари за одбраната

Sase Ivanovski

Руски шпиони присуствувале на настан за брегзит во британскиот парламент

Sase Ivanovski

Скопјанец пронајден починат во својот дом во Аеродром

Sase Ivanovski

Над 200 тони јагнешко ќе се увезат во Бугарија за Ѓурѓовден

Sase Ivanovski

Малолетничка била нападната и ограбена од врснички во Аеродром

Sase Ivanovski

Скопјанка се породила дома, новороденчето починало

Sase Ivanovski

Две жени се пресметале во Драчево

Sase Ivanovski

Мицкоски му се јавил на Ердоган и го средил проблемот што го имале пациентите од Кочани при полетување од Истанбул

Sase Ivanovski

Сакаме квалитетен мед, а пчелите се трујат со токсични метали!

Sase Ivanovski

Општина Гази Баба ќе субвенционира набавка и монтажа на сончеви колектори во домаќинствата

Sase Ivanovski

(ФОТО) Дина Јашари со нов сингл „Градот“ – интимна ода за Скопје

Sase Ivanovski

(ФОТО) СДСМ Аеродром: Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на Владимир Комаров?

Sase Ivanovski

Министерството за финансии: Димитриеска-Кочоска во работна посета на Турција

Sase Ivanovski

Герасимовски: Македонскиот јазик е нашиот дом, да го негуваме, развиваме и пренесуваме за идните генерации

Sase Ivanovski

СДСМ Аеродром: Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на Владимир Комаров?

Sase Ivanovski

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова на Денот на македонскиот стандарден јазик и 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

Клековски: Зголемени плати и зголемени капитации за примарното здравство, Буџетот за здравство зголемен за 7 милијарди денари

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Десетици нови авио дестинации, Владата вложува во развој и можности со цел зголемување на животниот стандард на граѓаните

Sase Ivanovski

Златко Крамариќ на „Книга во секој дом“ во „Матица македонска“, Промоција на „Културата и траумата: Писмо до бугарскиот пријател“

Sase Ivanovski

СЗДМ: Барањa за зголемување на бројот на корисници и задржување на минимум ниво на квалитет на достапни ИНСУЛИНСКИ ПУМПИ, во Северна Македонија, при јавната набавка за 2025 и 2026 година

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети и како се штанцаат пасоши за 215 белосветски криминалци?

Sase Ivanovski

Музејот Ефес фрла светлина на историја долга 3500 години

Sase Ivanovski

Трамп за потенцијален трет мандат: Не знам дали е уставно или не

Sase Ivanovski

Мал авион се урна во близина на Лос Анџелес: Едно лице загина, две куќи се оштетени

Sase Ivanovski

Се подобрува состојбата на Панчо, но тој останува осомничен за пиротехниката во „Пулс“

Sase Ivanovski

Зеленски: Примирје со Русија е можно во секое време

Sase Ivanovski

KOД 2025 – Случај Татјана Димитровска ДКСК, врските со ТЕЦ Неготино

Sase Ivanovski

Ќе успее ли мисијата на Рамсар да го спаси Преспанското Езеро

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Врвни совети за маслиново дрво за бесмртност

Sase Ivanovski

„ЌЕ ИМАМЕ ЕДНА МИНИ ПРЕРАСПРЕДЕЛБА“: министерката за финансии за пренасочувањето на пари од буџетот

Sase Ivanovski

Затворени гласачките места на претседателски избори во Романија, Симион води со речиси една третина од освоените гласови

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ ЈА ОБВИНУВА МОСКВА ЗА ДВОЈНА ИГРА – Русија бара мир на 9 мај, но ја напаѓа Украина секој ден

Sase Ivanovski

Нетанјаху најави остар одговор по нападот на Хутите врз главниот аеродром во Израел

Sase Ivanovski

НЕ ЈА ИСКЛУЧУВАМ УПОТРЕБАТА НА ВОЕНА СИЛА: Трамп не се откажува од идејата да го преземе Гренланд

Sase Ivanovski

Свадбена поворка направи хаос во Холандија: Ги блокирале улиците, поминале на црвено светло и возеле во спротивна насока

Sase Ivanovski

Како вештачката интелигенција може да го ви го олесни животот?

Sase Ivanovski

Си ќе ја посети Русија за Денот на победата и ќе разговара со Путин

Sase Ivanovski

Претседателот на Малдивите одржа рекордна прес-конференција од 15 часа

Sase Ivanovski

На 4 мај 1980 почина човекот кој им рече ,,не” и на Хитлер и на Сталин, а им рече ,,да” на сите поробени и колонизирани народи низ светот помагајќи ја нивната борба за слобода, знаејќи го значењето и жарот на желбата за истата – почина Тито

Sase Ivanovski

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА СТАРТУВА НАСКОРО, ОБЈАВИ ПРЕМИЕРОТ: треба да се вработат над 200 луѓе

Sase Ivanovski

Путин (72): Наследството секогаш е во мојот ум

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кафич во Црна гора стана вирален поради погледот…

Sase Ivanovski

Еве што го движи Влатко Стефановски низ светските музички врвови 5 децении…

Sase Ivanovski

Ноќта на 18 јуни 1875 година, избувна катастрофален пожар во областа Либерти во Даблин, засекогаш врежан во историјата како Големиот пожар на вискито во Даблин

Sase Ivanovski

Сведоштво од војната во 2001 год. Двајца тинејџери, со храброст поголема од стравот, трчаат под оган носејќи муниција до митралеското гнездо на нашите единици

Sase Ivanovski

СЕ ОДДРЖА МАНИФЕСТАЦИЈАТА “ГАЗИ БАБА ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

Sase Ivanovski

Зошто каматите кај брзите кредити се повисоки? Еве ја вистината!

Sase Ivanovski

ЕДНА ОД НАЈЛЕГЕНДАРНИТЕ СКОПСКИ ФОТОГРАФИИ: ТИТО ОД ТЕРАСАТА НА ОФИЦЕРСКИ ДОМ ПРЕД 100 000 НАРОД

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска за „Алфа“: Јавниот долг по подолг период е намален и процентуално и во апсолутна бројка

Sase Ivanovski

МОТОРЏИЈА ЗАГИНА НА ПАТОТ ДЕБАР-СТРУГА Скопјанка е повредена во сообраќајката

Sase Ivanovski

ПРИСУСТВУВАА 2,1 МИЛИОН ОБОЖАВАТЕЛИ Спречен е бомбашки напад на концертот на Лејди Гага на Копакабана

Sase Ivanovski

„ВОСТАНИЕТО Е НЕИЗБЕЖНО“ Последната средба на Гоце и Даме во Солун

Sase Ivanovski

„ТЕМУ“ НЕМА ДА ИСПОРАЧУВА СТОКИ ВО САД Американците ќе бараат остатоци од магацините

Sase Ivanovski

ОХРИЃАНЕЦ ПРЕГАЗИ ЧОВЕК ВО ИНВАЛИДСКА КОЛИЧКА Тешко повреден е хоспитализиран во „Свети Еразмо“

Sase Ivanovski

СТОИЛОВ СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Ќе му помага на селекторот Кире Лазаров

Sase Ivanovski

ЈА БОДЕЛ СО НОЖ ПО ВРАТ ПРЕД ПЕТГОДИШНАТА ЌЕРКА Скопјанец свирепо ја убил партнерката

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Градиме нова Поликлиника, фекална мрежа во Бабин Дол, местна заедница во Пинтија – вкупно 22 нови капитални проекти, мојот народ заслужува!

Sase Ivanovski

Рама: На 11 мај Албанците на средба со историјата, ќе се одреди силата на Албанија во преговарачкиот процес со ЕУ

Sase Ivanovski

РТЦГ: Секој втор тестиран возач во Црна Гора бил позитивен на дрога

Sase Ivanovski

Како Лени Рифенштал – режисерката на Хитлер го криеше своето соучесништво од светот?

Sase Ivanovski

Филмот „Flow“ добитник на наградата на публиката ЛУКС за 2025 година

Sase Ivanovski

Концерт на Солунскиот државен симфониски оркестар во Филхармонија

Sase Ivanovski

Загина возач во тешка сообраќајка на патот Кочани – Штип

Sase Ivanovski

Поранешен дипломат: Шефицата на кабинетот на Трамп му забрани на Вучиќ да влезе во Мар-а-Лаго

Sase Ivanovski

Родители во Шпанија цели 4 години на децата не им дозволувале да излегуваат од дома

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТВ исповед на Керим за погрешно паркираното порше: Си ја платив казната, јас почитувам закони. А што е со службените лица кои ги штителе?

Sase Ivanovski

„Штетата е направена“ – Трошановски за ограничените шанси на Македонија во преговорите со ЕУ

Sase Ivanovski

Утре средба Мицкоски и Таравари

Sase Ivanovski

Речиси 200 полицајци во Германија осомничени за екстремизам

Sase Ivanovski

Велосипедската тура во чест на загинатите во кочанската дискотека ,,Пулс”

Sase Ivanovski

Сообраќајка на патот Дебар – Струга, движењето е во прекин

Sase Ivanovski
Вчитувам....