Вчера попладне, 66-годишен жител на Скопје бил пронајден починат во неговиот стан во населбата Центар, соопшти МВР.
„На 19.05.2025 во 15:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачје на Центар во Скопје е пронајден починат Т.Ј.(66) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од екипа на СВР Скопје“, пишува во дневниот полициски билтен.