52-годишен скопјанец вчера бил уапсен поради тоа што, според МВР, бил агресивен кон полицајци кои вршеле службени работи во Општината Ѓорче Петров. По неколку часа, тој и самиот пријавил во полициска станица дека на паркинг во Ѓорче Петров бил нападнат од неколкумина напаѓачи, соопшти МВР.
„На 23.02.2025 во 19.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го привеле С.Ј.(52) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Додека, пак, истиот ден во 22:38 часот, С.Ј. пријавил дека околу 18:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.