Вчера во 16.50 часот на паркинг простор на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје го уапсиле И.С.(44) од Скопје, откако претходно бил пријавен од страна на 57-годишниот З.С. од Скопје дека околу 16.20 часот, на паркингот неговата малолетна ќерка, при качување во автобус, била физички нападната од пријавениот.
„По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“ информираат од МВР.