– Вчера во 15.43 часот во СВР Скопје, В.Т.(34) пријавила дека околу 14.40 часот, додека извршувала работни задачи во маркет на подрачјето на Ѓорче Петров, била физички нападната од С.С.(63) од Скопје, која претходно била забележана дека одзела производи од објектот, соопштија од полицијата.
По расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.