Жена од Скопје вчера пријавила во полиција дека нејзиниот партнер ја нападнал на паркинг во општината Аеродром, соопшти МВР.
„На 27.03.2025 во 23:15 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Скопје пријавила дека на 26.03.2025 околу 01 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот партнер М.Ј.(27). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.