Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд не очекува и во следните денови. Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и минималната температура од 5 до 12, а максимална од 17 до 25 степени. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.