Според бројот на кучињата по улиците, кој се проценува на околу 6.000, очигледно е дека сѐ што досега се презема не е доволно, а законските измени се случуваат многу бавно. Но и кога ќе се случат, доколку никој не ги спроведува, доколку нема казни и контрола, по улиците и натаму ќе има неброено кучиња како и досега. Скопските улици се преполни со бездомни кучиња, па граѓани од сите населби во градот се жалат дека не се чувствуваат безбедно особено во вечерните часови стравувајќи од напади. Најмногу загрижува приливот на кучиња што во главниот град се носат од други градови и општини каде што исто така не можат да се справат со овој проблем, но и тоа дека надвор можат да се сретнат сѐ повеќе расни кучиња, кои им здодеале на нивните сопственици и ги исфрлиле на улица. Некои од нив се и опасни раси, какви што се питбули, кангали, ротфајлери. Од „Лајка“ неодамна потврдија дека во еден ден се заловени дури пет питбули пуштени на улица. Во услови кога во државата е воведено микрочипирањето со кое во идентификацискиот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство се внесуваат податоци за миленикот и неговиот сопственик, нејасно е зошто отсуствуваат и контроли и казни за неодговорните сопственици, кои кучето ниту го чипираат ниту го стерилизираат. Ваквите кучиња на улица само придонесуваат за зголемување на бројот на бездомни животни.
Минатата година АХВ изрекла само четири казни за нечипирано животно. Во 2024 година, кај сопственици на домашни миленици по Законот за идентификација и регистрација на животните, изречени се четири прекршочни платни налози и е спроведена една едукација. Спроведени се само вонредни инспекциски контроли бидејќи според член 79 став (1) од Законот за инспекциски надзор, официјалните ветеринари немаат овластување за вршење редовни инспекциски надзори кај сопственици на домашни миленици – велат од Агенцијата. Дел од граѓаните што чуваат кучиња во своите домови не ги кастрираат и не ги стерилизираат за да ги размножуваат, создаваат нерегистрирани легла, па продажбата на кучиња од вакви легла е без контрола. На прашањето колку казни се изречени по овој основ, од АХВ објаснуваат дека регистрацијата на одгледувачници сега не е законски регулирана и од тие причини не се изречени казнени мерки.
Сето ова се прави со крајна цел, како што тврдат оттаму, да зајакнат принципите за одговорното сопствеништво на домашните миленици, да се контролираат болестите на кучињата и да се намали бројот на бездомни кучиња. Со законот ќе се регистрираат сопствениците на куче, одгледувачниците, продавниците за домашни миленици и пансионите за кучиња со што ќе се зајакне контролата на овие комерцијални активности. Во однос на тоа зошто не се спроведуваат кампањи за едукација на граѓаните за подигање на јавната свест за одговорно сопствеништво, од АХВ тврдат дека во неколку наврати спровеле неколку медиумски кампањи. Преку постери, видеоспотови, гостувања во медиумите и спроведување едукативни работилници со најмладите – децата од повеќе градинки во Скопје и низ земјава, АХВ како одговорна институција и за здравствената заштита и благосостојбата на животните, почнувајќи од најмладите ја пренесе пораката на кампањата за одговорно сопствеништво, која кај нас неколку години по ред се спроведуваше како дел од голем регионален проект за подигнување на јавната свест за одговорно сопствеништво насловен – „На својот миленик можеш да му кажеш сè, освен збогум“ – велат од Агенцијата. Според бројот на кучињата по улиците, кој се проценува на околу 6.000, очигледно е дека сѐ што досега се презема не е доволно, а дека законските измени што се споменуваат се случуваат многу бавно. Но и кога ќе се случат, доколку никој не ги спроведува, доколку нема казни и контрола, по улиците и натаму ќе има неброено кучиња како и досега. Микрочипирањето е законска обврска Според одредбите на Законот за заштита и благосостојба на животните, сопствениците на кучиња и мачки имаат обврска да го идентификуваат и да го регистрираат својот домашен миленик. Микрочипот се аплицира поткожно од страна на ветеринар, а податоците за животното и за сопственикот се внесуваат во базата на податоци – Идентификацискиот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство – ИСАХВ. Микрочипот е со големина на зрно ориз и има единствен број каде што првите бројки го претставуваат кодот на државата. Доколку микрочипирано животно се изгуби, многу полесно може да се пронајде неговиот сопственик. Сопствениците имаат обврска да го пријават секое движење на миленикот (доколку тој се изгуби, го дадат на друг сопственик или ако почине) кај својот матичен ветеринар. Исто така, сопствениците што ги користат своите миленици за репродукција, имаат обврска да го пријават леглото од кај својот матичен ветеринар, да ги микрочипираат и да ги регистрираат кученцата пред да ги вдомат, како и да ги пријават лицата што ги вдомиле.