Новиот гувернер на Народна банка, Трајко Славевски, во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 вели дека го поддржува британскиот заем од 2 милијарди евра за завозбнување на железничкиот Коридор 10, но под услов, како што вели средствата да се трошат ефикасно.
– Ние мора да го зајакнеме потенцијалот на македонската економија, а тоа се прави со инвестиции во инфраструктурата. Унгарскиот кредит е во пет транши и тука не би коментирал. Но ги спомнавте овие две милијарди од британскиот кредит. Ние не ги знаеме деталите, но тие средства нема наеднаш да се искористат. Доколку се искористат средствата на ефикасен начин, тоа е оправдано и ќе се вклопи на фискалната стратегија и намалувањето на буџетскиот дефицит, вели професорот.
Поранешниот министер за финансии рече дека новата функција на чело на централмната банка е многу поважен предизвик отколку досегашната како претседавач на Советот на Град Скопје во мандатот кој остана фамозен по дуелите со градоначалничката Данела Арсовска.
– Не можам да се пшофалам дека сум уживал во извршувањето на таа функција, но мислам дека секогаш ја вршев чесно и одговорно. Сега при крајот на мојот мандат пред локалните избори дојде нов предизвик да бидам гувернер на Народна банка, изјави Славевски.
Иако зад себе има политичко-партиски бекграунд, тврди дека ќе остане независен во својата улога како што налага функцијата гувернер на НБРМ.
– Еве и да биде најден таков човек што ги има сите квалификации. Која е гаранцијата дека нема да падне под влијание на такви бизнис кругови и на финансиски интереси? Немате никаква гаранција. Не е грев човек кој е присутен 40 години во јавната сфера, кој има десетици илјади пријави потпишано со оценки за студенти, кој што има менторирано магистранти и докторанти, кој бил два пати министер за финансии. Треба да се има на некој начин доверба во тоа кога некој поминал многу филтри, смета Славевски.
Тој има високо професионално мислење за неговиот претходник – Анета Ангеловска – Бежоска, но има забелешка во ненавремената реакција со справувањето со ингфлацијата.
– Ние започнавме со рестриктивната монетарна политика и следењето на Центѕралната европска банка кога веќе инфлацијата достигна 20 проценти. Доцна дојде зголемувањето на основната каматна стапка и смирувањето на инфлацијата, истакна Славевски.Славевски додаде дека со пласмани на благајнички записи ќе продолжи макроекономската политика на стабилизирање на инфлацијата, додека за неговиот став за минималната плата е тоа дека таа е висока во однос на просечната национална плата и дека поради тоа реално не можат да бидат наградени најдобрите работници.