Новиот Гувернер на Народната Банка, Трајко Славески, вечерва во емисијата „Бизнис 21“ на ТВ „21“ рече дека во Македонија „се извртело значењето на минималната плата“.Според него, таа во ниту една земја во светот не гарантира дека со неа може да се издржува четиричлено семејство. Славески откри дека за време на неговите студии во Америка, тој работел во супермаркет и рече дека „не е срамота“ да се бара дополнителна работа.
„Го извртевме значењето на минималната плата. Минимална плата, во светот, онаму каде ја има, не гарантира дека со неа може да се издржува четиричлено семејство. Јас сум работел за минимална плата во САД, во Бостон, во супермаркет додека студирав. Се знае каков стандард можете да обезбедите со тоа, и тие што земаат минимална плата работат по 2-3 работи. Би порачал во одреден период во животот, тоа не е срамота, како дополнителна работа може да работи за минимална плата, но трудете се никогаш повеќе, според своите квалификации, да не се најдете во ситуација да барате минимална плата“, вели Славески.