Британската пејачка Џеси ЏЕЈ (37) објави дека привремено се повлекува од музичката сцена за целосно да се посвети на лекувањето на ракот на дојка, кој неодамна ѝ беше дијагностициран.
Британската пејачка Џеси ЏЕЈ (37) објави дека привремено се повлекува од музичката сцена за целосно да се посвети на лекувањето на ракот на дојка, кој неодамна ѝ беше дијагностициран. Таа ја сподели емотивната најава со публиката во текот на нејзиниот настап на големиот музички фестивал „Самертајм бал“, кој се одржа во недела на стадионот „Вембли“ во Лондон.
– Ова е мојот последен концерт пред да тргнам да го победувам ракот на дојка! – открила таа пред публиката.– Затоа ова вечерва ми е толку посебно, немате поим – додала таа.
Во текот на настапот, Џеси Џеј изрази благодарност за сè што има – вклучувајќи го животот, кариерата, синот и семејството. Таа во моментот живее во Лондон со својот двегодишен син Скај, а од 2021 година е во врска со кошаркаркарот Чанан Сафир Колман.
– Моето семејство, мојот бенд, мојата екипа… Толку сме среќни, имаме толку многу причини да живееме, толку радости и уште многу да направиме – рекла таа пред публиката на „Вембли“.По концертот, пејачката се обратила и преку социјалните мрежи, споделувајќи ги своите искуства по настапот.
– Ако се прашувате што правам по концертот… Прво отидов на вечера со прекрасни, инспиративни пријатели, потоа се истуширав, го намачкав лицето со дебел слој крем и сега изгледам како г-ѓа Даутфаер – напишала таа на шега.Џеси додала и дека, додека сите во куќата спиеле, таа извршувала домашни работи.
– Додека сите во куќата спијат, јас ги распакував торбите, ги завршив домашните работи, ја измив чашата на Скај и го ставив алиштата за перење. Сега седам во неговата соба и само го гледам. Плачев, среќна и исплашена во исто време. Ова момче… целото мое срце. Денеска беше посебен ден – заклучила пејачката.
Да потсетиме, Џеси Џеј неодамна откри на социјалните мрежи дека ѝ е дијагностициран рак на дојка. Во видеото што го објави, таа рече дека нејзината болест е откриена рано и дека ќе се оперира веднаш по настапот на „Вембли“.