За висината на потрошувачката кошничка се огласи и професорката Билјана Ванковска.
„Читам дека владата нашла нов начин на намалување на цената на чинење на потрошувачката кошничка – така што го намалила бројот на членови на семејството! А ќе речеш, демохристијани, плус нели нацијата старее. Но, се воделе од статистичките податоци. Ќе заклучам со онаа стара и позната изрека. Постојат лаги, големи лаги и – статистика! Во сиромашна земја дури и млад брачен пар со едно дете ретко живее во свој дом. Или живее со старите или под кирија. Толку! Ако продолжат со досегашните политики, следната потрошувачка кошничка ќе биде за двајца или за еден пензионер!“, напиша таа.