Метеоролозите ја нагласуваат сериозноста на ситуацијата и предупредуваат дека Балканот се приближува кон најлошите сценарија на глобалното затоплување. Доколку не се преземат мерки против стакленички гасови, до 2065 година температурата може да се зголеми за 2 степени Целзиусови и дури 4 степени до крајот на векот. Истражувачите предвидуваат дека доколку се зголемат температурите на овој начин, Балканот заедно со Австрија, Унгарија, Шпанија, Португалија и Германија ќе станат „ненаселиви пустини“ Можеби зголемувањето за еден или четири степени не звучи толку сериозно, но метеоролозите велат дека тоа е аларматно:
„Кога човек има телесна температура од 36 степени, тоа е во ред, кога температурата е 37, тоа е аларм, а со температура од 38 степени не ви е добро…Кога планетата е за 1 степен потопла, тоа значи дека ќе има поекстремни климатски настани. Затоа сме зафатени од суши, шумски пожари, екстремни врнежи и поплави кои само ќе станат поинтензивни и полоши во иднина. Ќе претрпиме поголема штета и дефинитивно ќе ни биде помалку удобно на планетава“. Според извештајот на Светската метеоролошка агенција на ОН, повеќе од 75 отсто од мразот на Антарктикот е изгубен во споредба со претходните 10 години, а оваа загрижувачка вест може да ги влоши поекстремните временски услови на Балканот.