21.8 C
Скопје
09/05/2025 11:37
МАКТЕЛ

     

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: „Срцето е дома“ само ако домот е на ВМРО-ДПМНЕ

      

Министерот Златко Перински се правда дека досега не посетил општина предводена од СДСМ и ДУИ, затоа што немало проект за промоција, но и поради усогласување на тајминзите и на обврските на градоначалниците. На министерот за локална самоуправа Златко Перински „срцето му е дома“ само во вмровските општини затоа што и по два и пол месеци од карванот, не посетил ниту една општина раководена од опозициски градоначалник. Перински, кој е и еден од потенцијалните кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, иако досега 14 пати бил во општини предводени од владејачката партија, во некои и повеќепати, сепак тврди дека не тера кампања во пресрет на локалните избори наесен. Тој се правда дека досега не посетил општина предводена од СДСМ и ДУИ, зашто немало проект за промоција, но и поради усогласување на тајминзите и обврските на градоначалниците. Тој најави дека в среда ќе направи сефте со посета на скопската општина Центар.

Нејасно е зошто Перински чека промоција или завршница на проекти што ги врзува со парите од унгарскиот кредит за да оди во опозициска општина, кога карванот наречен „Каде што срцето е дома“, при најавата беше со цел „запознавање на општините и на граѓаните со измените на Законот за локална самоуправа и за средби и разговори директно со креаторите на локалните политики, како и за да ги слушне реалните потреби на граѓаните“.
Христијан Мицкоски, Златко Перински Фото: Министерство за локална

– Реализацијата на капиталните инвестиции во општините со поддршка на финансиски средства од централниот буџет се спроведува преку објавен јавен повик од Министерството за локална самоуправа и сите општини имаат еднакво право да учествуваат и да искористат финансиски средства, во согласност со условите од повикот и критериумите објавени од секое ресорно министерство. Во рамките на првиот повик во 2024 година, 80 општини учествуваа и веќе реализираат проекти. Посетата на проектите се одвива според динамика која е детерминирана од повеќе фактори, и тоа – фаза на реализација на конкретниот проект, усогласеност на агендите на учесниците (премиер, министер за локална самоуправа, ресорен министер и градоначалник на соодветната општината). Според неа, се планираат идни посети на повеќето општини, без политичка селективност на која наведувате во прашањето – одговори Перински за „Слободен печат“, прашан зошто досега не посетил ниедна општина предводена од опозицијата. Тој најави дека утре и во првата недела по Велигден ќе посети три „сдсмовски“ општини, односно ќе им биде гостин на градоначалниците на Центар – Горан Герасимовски, на Крива Паланка – Сашко Митовски и на Берово – Звонко Пекевски.

   

Перински: Не терам кампања Министерот тврди дека не тера кампања, иако во некои општини бил повеќепати, дека „Каде што срцето е дома“ не му служи за лична промоција во пресрет на изборите и дека граѓаните знаат дека има неселективен пристап, иако досега не бил во ниедна опозициска општина. Главен аргумент му е дека сите 80 општини конкурирале со проекти за пари од унгарскиот кредит.

Златко Перински Фото: Министерство за локална

– Граѓаните многу јасно гледаат дека во креирањето и спроведувањето на политиките за поддршка на локалните самоуправи нема селективност по ниту една основа, а тоа се потврди со фактот дека сите општини, без исклучок, кои поднесоа соодветни проекти на владиниот повик за финансиска поддршка на инфраструктурни проекти, беа земени предвид и им се одобрени средства. Овој пристап важи за сите општини, независно од политичката припадност на градоначалниците. За нас, критериум на политичка основа не постои и нема да постои. Селектирањето се врши на основа на квалитетот на проектите и нивната важност за локалната заедница и нејзините жители – вели Перински. При промоција на карванот „Каде што срцето е дома“ на 7 февруари беше кажано дека
иницијативата е за изворно запознавање со предизвиците и реалните потреби на локалните самоуправи и на граѓаните, со фокус на изнаоѓање соодветни решенија за нивно надминување и поголем напредок. Проектот почна во Општина Аеродром, со фокус на реформите на Законот за локална самоуправа, како и на актуелните проблеми со паркирање, загадување, урбанизација и безбедност во сообраќајот. В.д. градоначалникот на Аеродром Дејан Митески тогаш ја поздрави иницијативата за теренските посети на општините поради измена на Законот за локална самоуправа.

Следниот ден министерот се сретнал со претставници на бизнис-секторот и невладини организации, културни и спортски работници, како и со граѓани. При стартувањето на карванот, немаше ниту збор дека Перински ги планира средбите со градоначалниците поради проектите поддржани од унгарскиот кредит. Сега, пак, министерот, теренските посети ги врзува токму за тие проекти.

Златко Перински, Христијан Мицкоски Фото: Министерство за локална

Пари има и за опозициски општини – Поддршката за локалните проекти е транспарентна и фер, што значи дека секоја општина има еднаква шанса да добие средства, ако проектите ги исполнуваат зададените критериуми.

Дека ова е реалност, а не само празни зборови, показател се многубројните одобрени и финансирани проекти на првиот повик во општини предводени од градоначалници од редовите на СДСМ. Конкретно, станува збор за вкупно 36 проекти во 15 општини. На Општина Берово ѝ се одобрени девет проекти, по четири проекти на Кривогаштани и Делчево, Општина Пробиштип има одобрено три, а Богданци, Валандово, Дојран, Крушево и Старо Нагоричане по два проекта. По еден проект се финансира во општините Демир Капија, Центар, Паланка, Росоман, Чашка и Чучер Сандево. Нашиот приоритет е и ќе остане обезбедување финансиска поддршка на проекти што ќе го подобрат квалитетот на животот и ќе создадат услови за долгорочен развој на сите општини, без разлика на политичка ориентација на градоначалниците – вели Перински како одговор дека не тера кампања.

Златко Перински Фото: Министерство за локална самоуправа

Министерот досега посетил само владејачки општини, и тоа еднаш бил во општините Бутел, Ново Село, Василево, Неготино, Чаир, Радовиш, Кисела Вода и во Велес. Во општините Гази Баба и Ѓорче Петров бил трипати и двапати во Аеродром. За реализација на проекти со пари од унгарскиот кредит, Перински повторно бил само во владејачки општини, односно во Тетово, предводена од Билал Касами од Вреди, во Бутел и во Студеничани. Редовно е во друштво на премиерот Христијан Мицкоски. Во Кочани – по изборот на в.д. градоначалник По ужасната трагедија во Кочани каде што во пожар во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 61 лице, Перински бил во општината, но службена посета планира по изборот на вршител на должност градоначалник, откако Љупчо Папазов поднесе оставка и е во притвор. – Непосредно по трагедијата бев во Кочани, кое во моментот беше во исклучително тешка, специфична ситуација, моменти на тага и жалост. Од друга страна, службена посета и средба со в.д. градоначалникот и советниците е планирана, откако ќе заврши процедурата за избор на в.д градоначалник кој ќе ја извршува функцијата до локалните избори – вели Перински.

    

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....