Растат платите во Хрватска. Просечната плата во оваа балканска земја изнесува 1.323 евра. Во Хрватска просечната месечна нето-плата по вработен за април годинава била 1.323 евра, а медијалната плата 1.110, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика. Просечната плата за април е номинално повисока за речиси 18 отсто во однос на истиот месец лани, а реално за 13,7 отсто.
Највисока просечна нето плата во април е исплатена во дејности на информатичка служба, 2.483 евра, а најниска во производство на облека, 837 евра. Од Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) велат дека и според просечната и според минималната плата сме последни во регионот. Највисока плата има Словенија каде што изнесува над 1.500 евра, а најниска Македонија со 700 евра.