18.8 C
Скопје
09/05/2025 09:55
МАКТЕЛ

     

„Смедеревка“ медиуми, од Мрзенци

      

Почитувани новинари и уредници, сите сте ми драги, но подрага ми е вистината. Кога споредувате номинални износи, треба тие да бидат од иста категорија. Така, во случајов, износот на минималната плата во Македонија што се користи во јавноста треба да се спореди со нето износот во соседна Бугарија, кој во моментов е 427 евра, а не 551 евро (ова е износ со вклучен персонален данок и придонеси за социјално осигурување). Не поминаа десетина дена откако повеќето домашни медиуми наседнаа на првоаприлската шега дека, наводно, француски производители на вино од некојси газда Ѓоко од Мрзенци купувале вино од сортата „Смедеревка“, на што на францускиот пазар го продавале по 100 пати повисока цена. Фантастична маржа од 10.000%!

Никој не ја беше проверил веста што ја објави српскиот портал „Вино и Фино“ дали воопшто постои тој Ѓоко од Мрзенци, за да го искараат зошто дозволува, што би рекол претседателот Трамп, Французите да ја „соголуваат“ Македонија, слично како што се зборуваше дека во рамките на поранешната СФРЈ „паметните Словенци“ нè соголувале купувајќи евтино наше вино во цистерни, за подоцна да го продаваат по повеќекратно повисока цена во шишиња. Или можеби помислиле дека портал чиешто име потсетува на „Храна и вино“ мора да ја зборува вистината. Значи, по само десетина дена, повторно „самоубиство од заседа“! Цела дузина електронски портали, од кои некои имаат и печатени дневни изданија, објавија дека, ќе цитирам еден од нив: „Минималната плата во Македонија, која од март изнесува 24.379 денари или околу 396 евра, е за 155 евра пониска дури и од најниската минимална плата во Европската Унија – онаа во Бугарија, каде работниците добиваат 551 евро месечно.

Објавите се темелат на соопштение на Евростат, статистичка база на Европската Унија, за висината на минималната плата што се исплаќа во 22 од 27 земји членки на ЕУ од почетокот на 2025 година. Пет земји членки на ЕУ немаат со закон пропишана минимална плата. Во спомнатото соопштение од само неколку страници убаво стои дека податоците се однесуваат на месечен износ на минимална БРУТО плата. Свесно или несвесно, а ова се повторува со години, при споредба на износот на минимална плата во нашата земја со други земји, износот на минимална плата во НЕТО износ се споредува со износот во БРУТО износ кај другите. Се сеќавате дека пред неколку години истите овие медиуми се подбиваа со лапсусот на еден поранешен министер за финансии во владата на Република Македонија кој, иако статистичар по вокација, дури откако станал министер ја разбрал разликата бруто-нето, која, колку што се сеќавам, се однесуваше на прибраниот ДДВ во државната каса.

   

Сега е ред да појасниме за што станува збор. Прво, манипулацијата, како што реков, свесна или несвесна, сеедно, се користи за познатиот синдром „удирање од земја“ дека кај нас работите не чинат, а кај другите, особено кај соседите, тече мед и млеко. Второ, постојано се потхранува наративот дека платите треба постојано да растат, без разлика на состојбата во економијата, продуктивноста и можностите на фирмите и на државниот буџет. Па безбели и новинарите се работници (медиумски) кои живеат од плата, па ако му се помогне на ССМ во борбата за повисоки плати, корист би имале и тие самите. Почитувани новинари и уредници, сите сте ми драги, но подрага ми е вистината. Кога споредувате номинални износи, треба тие да бидат од иста категорија. Така, во случајов, износот на минималната плата во Македонија што се користи во јавноста треба да се спореди со нето износот во соседна Бугарија, кој во моментов е 427 евра, а не 551 евро (ова е износ со вклучен персонален данок и придонеси за социјално осигурување).

Произлегува дека минималната плата во Бугарија во моментов е за околу триесетина евра, или за 7,8% повисока во споредба со нашата минимална плата. Минатата година Бугарија се најде под притисок на ЕУ која со директива побара од земјите членки износот на минимална плата да го зголемат до ниво од 50% од просечната плата во односната земја. Со најновото зголемување, износот на минималната плата во однос на просечната кај нас достигна 59% и како таков е меѓу највисоките соодноси во светот! Понатаму, не е на одмет да се потсетиме дека Бугарија има за 50% повисок БДП по глава на жител од Македонија. Но, тоа не е сè! Евростат во соопштението за минималната плата во земјите членки укажува дека номиналните износи не се вистинско мерило за разликите во животниот стандард. Тие разлики се намалуваат доколку се води сметка за куповната моќ на парите, или она што ние економистите го нарекуваме „паритет на куповни сили“.

Ова се должи на фактот што нивото на цени во помалку развиените земји е пониско од тоа во развиените. На друго место имам спомнато, а тоа го тврдам и во оваа прилика, дека мерено според куповната моќ на парите, минималната плата во Македонија е повисока од таа во Бугарија, која во случајов ја користиме за споредба. Не мислам дека и со оваа интервенција ќе ги убедам сите медиуми кои не ја разбрале разликата меѓу бруто и нето дека не треба да споредуваат „баби и жаби“. Но, и оваа Сизифовска работа, за разлика од најголемиот број колеги економисти, ја разбирам како професионална должност. А на медиумите заради кои е напишан овој текст, би им порачал да не бидат ниту „смедеревка“, но ниту „жилавка“ медиуми, кои постојано ќе наседнуваат на лажни вести и жилаво ќе пласираат невистини.

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....