– Таа се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди, информираат од МВР.По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција.В.И. била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Мактел дознава дека жената била по потекло од Скопје, имале две деца, машко и женско. Кавгата прво почнала меѓу сопружниците, во афект жената земала нож и му го прецекла вратот на сопругот. Во тој момент налетал свекорот во обид да ги раздели но и тој настрадал.