Поради обилните снежни врнежи во Истанбул, кои траат веќе трет ден, денеска е затворен бродскиот сообраќај на Босфор во двата правци, соопшти Генералниот директорат за безбедност на крајбрежјето на турското Министерство за транспорт и инфраструктура.
Туркиш ерлајнс објави дека некои летови до и од аеродромот во Истанбул, кои беа планирани за утре, се откажани поради снежни врнежи, објави Хуриет. Училиштата во Истанбул во понеделник ќе бидат затворени поради големиот мраз, поради што се очекува да не можат да сообраќаат училишните автобуси, пренесува Танјуг. Од петок на полноќ, на мотоциклистите и курирските служби им е забрането да возат во Истанбул до понатамошно известување.