По острите реакции во јавноста дека Собранието ја одложи својата работа минатата и оваа недела, се огласија од Законодавниот дом со појаснување дека пратениците всушност работеле и дека продолжуваат со работата. „Во врска со реакциите за неодамнешната одлука за одложување на активностите на Собранието минатата и оваа недела, сакаме да појасниме дека Собранието на Северна Македонија и пратениците работеа и продолжуваат да работат. Откажани се пленарните седници, комисиите и неколку други настани за кои е потребно присуство на медиумите.
Пратениците се активни и посветени на законодавните процеси. Секоја изјава со која се претпоставува дека паузираат е неосновано обвинување кое претставува тенденција за манипулирање со мислењето и нарушување на угледот на Собранието и народните избраници“ се наведува во соопштението.