Пратеникот Димитар Апасиев, како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, оствари средба со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), меѓу кои и претседателот на оваа Организација, Слободан Трендафилов. Можностите за унапредување на правата и стандардот на работниците беа во фокусот на дискусијата, при што стана збор и за евентуални интервенции во закони кои ја покриваат оваа област.
Пратеникот Апасиев и претставниците на ССМ разменија мислења околу Законот за работни односи, во насока на предвидување исплата на патни трошоци за вработените. Исто така, беа разменети мислења и околу потрошувачката кошничка и за очекуваното зголемување на минималната плата, со цел подигање на стандардот на работниците.