По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека се стопира постапката за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, Советот на јавни обвинители денеска снема кворум за седницата на која точка на дневен ред требаше да биде разрешувањето на државниот обвинител. Во салата на Советот воопшто не се појави никој од членовите, ниту претседателката, Душица Димитриеска, генералниот секретар на Советот само ги извести новинарите дека седница нема да има бидејќи немало кворум.
Димитриеска на краток брифинг со новинарите кажа дека тројца од членовите утрово кажале дека нема да дојдат поради здравствени и семејни причини, но не кажа кои се тие членови. Уверуваше дека нема никакви скриени игри, иако некои работи се поклопиле случајно. Седницата за разрешување на Коцевски беше закажана за на 18 март, но беше одложена за денеска поради големата трагедија во Кочани.