23.8 C
Скопје
16/04/2025 13:13
МАКТЕЛ

    

СОВРЕМЕНО АРХИТЕКТОНСКО НАСЛЕДСТВО (ВО ОПАСНОСТ)

      

Иако се наоѓа во центарот на градот, во непосредна близина на објектот на Општина Охрид, малкумина во Охрид (а и пошироко) знаат кои се авторите на објектот на централната детска градинка „Јасна Ристеска“. Изградена во 1971 година, градинката е доказ за одмерен, внимателен архитектонски дизајн, прилагоден кон уникатните потреби на најмладите жители на Охрид. Вгнезден во широк пејзаж од игралиште, парк и зелен простор, објектот отелотворува хармоничен однос помеѓу изградената средина и природата. Проектот е дело на Димитри Зарчев и Викторија Поп-Стефанија (тогаш Зарчева), двоец кој делувал во рамките на ГРО „Трудебеник“, во ателјето за студии, проектирање и инженеринг. Заедно или посебно, Зарчеви се автори на многу проекти и реконструкции во Охрид, но и во останатите градови низ Македонија. Квалитетот и оригиналноста на нивните креации се наградени со бројни признанија, меѓу кои најзначајни се: „Борбина плакета“ за хотел „Метропол“ во Охрид во 1975 година и „Специјално признание на БИМАС“ за реконструкција и ревитализација на „Рибен ресторан“ во Охрид во 1979 година.

Димитри Зарчев (1940) дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје (1966). Најголем дел од својата професионална активност ја поминал во градежното претпријатие „Трудбеник”, како директор. Проектира и реализира разновидни објекти во кои е присутна тенденцијата за синтеза на специфичните обликовни карактеристики на старата охридска архитектура со јазикот на модерната. Работел и во сферата на урбанистичкото планирање. Во еден временски период е и претседател на Општина Охрид. Реализира повеќе станбени и деловни комплекси како и поединечни семејни куќи. Жесток критичар е на современиот неплански урбанистички развој на градот и околината. Викторија Поп-Стефанија (1945–2025) студирала на Архитектонскиот факултет во Белград, а потоа и во Скопје, каде што дипломира во 1969 година на тема: „Духовниот и културен центар Свети Климент Охридски на Плаошник во Охрид“, под менторство на проф. Борис Чипан. Како бележита архитектка со импозантен опус од околу триста проекти и студии, Викторија Поп-Стефанија ја збогати македонската и европската ризница со незаобиколни и архетипски вредности. Покрај примарниот интерес за архитектонско проектирање, своето професионално знаење и искуство Викторија Поп-Стефанија го преточува и во две капитални теоретски студии: „Логосот во архитектурата“ и „Обликот на храмот“, во кои таа, поаѓајќи од својот творечки опит, нуди промислување на архитектонските феномени со есеистички јазик. Нејзиниот интерес е свртен кон важните прашања на слободата во творештвото и односот кон традицијата. Тоа особено компетентно го илустрира во нејзината трета студија „Охридската урбана иконографија“, која се објави постхумно деновиве.

   

Навраќајќи се на објектот на градинката „Јасна Ристеска“, негова основна карактеристика е човекомерноста, која, како што е прикажано на фотографијата, е прeточена во приземна зграда која не доминира во просторот, и која ја нагласува пристапноста и поврзаноста со околината. Употребата на тули за фасадата сугерира трајност, издржливост и чувство на топлина, додека големите прозорци се индикативни за дизајн кој како приоритет ја има природната светлина и погледот или отвореноста кон надворешноста. Карактеристичната линија на покривот, со разновидните елементи и централниот светларник, додава елементи на динамичност и игривост во целокупната форма на објектот, навестувајќи ја разиграната природа на активностите кои се одвиваат во внатрешноста на објектот. Обмислената интеграција на зградата во околината е нејзина клучна архитектонска карактеристика. Присуството на нишалки и вртелешки како и мало игралиште со песок во непосредна близина на зградата зборува за намерата на дизајнот да ја олесни непречената транзиција помеѓу внатрешната и надворешната игра. Опфатниот парк и зелената површина (зелена ограда, децениски стебла, тревници) дополнително ја подобруваат оваа врска, обезбедувајќи богата сензорна средина за истражување и учење. Ова свесно обликување на надворешниот простор го нагласува педагошкиот пристап кој го цени искусувањето на отвореното како составен дел од целокупниот психофизички и социјален развој на детето.

Дизајнот дава приоритет на отворените и флексибилни внатрешни простори, овозможувајќи различни активности и поттикнувајќи чувство на заедница кај младите корисници на просторот. Сегашниот објект на градинката претставува успешна примена на хуманистичките архитектонски принципи во раното детско образование. Тоа е зграда која не само што служи на својата примарна функционална цел, туку и активно придонесува за благосостојбата и развојот на своите млади корисници преку својот внимателен дизајн и неговата интеграција со околината и природниот свет. Останува како шармантен пример за архитектура од втората половина на дваесеттиот век, кој им дава приоритет на потребите и искуствата на децата наспроти претенциозност во изразот и надменост во заземањето и користењето на јавниот урбан простор. За жал, со новиот детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.3 – опфат 7 на местото на објектот на градинката „Јасна Ристеска“ е предвиден објект со многу поголем обем. Објект кој ќе го узурпира целиот зелен простор, дворот, игралиштето, и ќе има уште еден кат. Дополнително, кој дозволува или воведува и комерцијални простории во објект кој е јавен и каде секојдневно престојуваат мали деца, игнорирајќи ги сосема нивните основни потреби: да растат, учат, да се дружат и формираат како личности. Притоа, изготвувачите на планот, но и архитектите кои се дел од секторот за урбанизам при Општина Охрид воопшто не ги испочитувале авторите на објектот – двајца значајни охридски но и македонски архитекти, нити нивното дело, битно за десетици генерации охриѓани, не ја испочитувале нивната визија, амбиенталниот момент кој го има градинката, па решиле да вцртаат уште еден огромен објект безмалку колку целата катастарска парцела. Наместо ставање на листата на архитектонско културно наследство на Охрид од втората половина на минатиот век, односно периодот на модерната, постои опасност објектот на градинката да биде уништен, заедно со градската куќа во непосредна близина, старата училишна зграда и паркот во соседното основно училиште „Григор Прличев“ како и објектот на Маларична. Не смееме да дозволиме да се загуби уште еден вреден објект од модерната, а Охрид дополнително да загуби значајно културно наследство и дел од својата колективна културна меморија.

(фотографијата е преземена од публикацијата „Македонска архитектура“, Музеј на современата уметност Скопје 1974 – дигитализирано од Архива ЗаУм)

Со почит,
Активисти на Граѓанската иницијатива Охрид SOS

  

Најново

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Д-р Стојановиќ: Македонија има ист број болни од рак на бели дробови колку Србија, која е три пати побројна!

Sase Ivanovski

Млад возач со БМВ возел 96 км/ч во место каде што е дозволено да се вози 40 км/ч

Sase Ivanovski

Ова ли е причината заради која Швајнштајгер и Ана се разведуваат?! Фудбалерот сите го обвинуваат

Sase Ivanovski

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Sase Ivanovski

Кадиевска: Трамп е еднинствениот американски претседател кој отворено кажува дека одржливоста на економијата во САД веќе подолг временски период е доведена во прашање

Sase Ivanovski

Претрес во Битола, пронајдена дрога лишено едно лице

Sase Ivanovski

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ е партија која што ја обезвласти ДУИ

Sase Ivanovski

МЗШВ: Со вчерашната исплата на 292.614.813,00 денари кон 4.574 млекопроизводители, субвенциите за млеко се целосно сервисирани

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да кажат кој е патот до златна виза во Дубаи, додека викаа дека ќе ја спасуваат Македонија тие ги спасувале милионите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Влогот во земјоделството е влог во иднината, грантови од 10 илјади евра за младите земјоделци, субвенции за млекопроизводителите

Sase Ivanovski

Лишен од слобода косовски државјанин поради давање поткуп

Sase Ivanovski

Герасимовски: Вложуваме во проекти што го градат културниот идентитет на Центар

Sase Ivanovski

Пронајдени седум мигранти, приведен криумчарот

Sase Ivanovski

Мециновиќ: „Политичарите своите неуспеси ги кријат зад интеграциите“

Sase Ivanovski

Богоевски: Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) започнува едукативна кампања, наменета за сите потенцијални корисници на програмата Еразмус+

Sase Ivanovski

„Топ тема“: Истрагата за „Пулс“ ќе биде голем тест за обвинителството

Sase Ivanovski

Приведен кривопаланчанец, управувал возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола и лажно се претставил како вработен во АНБ

Sase Ivanovski

Oблачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и ноќта локални врнежи од дожд

Sase Ivanovski

МОЛЧЕЛЕ ДОДЕКА ДЕТЕТО БИЛО ЗЛОСТАВУВАНО Кривична за социјалните работници од Македонски Брод кои не пријавиле силување

Sase Ivanovski

Меѓу уапсените 7 полицајци е и командирот на полициската станица Кочани

Sase Ivanovski

Наскоро можно е проширување на истрагата за „Беса транс“

Sase Ivanovski

Студенти од Србија стигнаа со велосипеди во Стразбур за да информираат европски претставници за ситуацијата во државата

Sase Ivanovski

По 9 години, пукна бракот меѓу Ана Ивановиќ и славниот фудбалер

Sase Ivanovski

Коцевски за Топ тема- 7 лица од полицијата ке бидат приведени за дискотеката Пулс

Sase Ivanovski

Висок советник на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет е суспендиран поради „протекување“ информации

Sase Ivanovski

Коцевски: Министрите за економија издавале лиценци на дискотеката „Пулс“ врз основа на непотполна документација

Sase Ivanovski

Италијанскиот претседател Матарела е во болница, оди на операција

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп ги укина санкциите за „десната рака“ на Орбан, кои Бајден ги воведе на заминување

Sase Ivanovski

Баерн против Реал за плеј-оф, крај на Евролигата за Црвена звезда

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пукање во училиште во Тексас, најмалку четворица ранети

Sase Ivanovski

Бугарија е спремна да ѝ се приклучи на воената „алијанса“ на Албанија, Косово и Хрватска, тврди Маќедонци

Sase Ivanovski

Човечки остатоци пронајдени во котел од термоелектрична централа во БиХ

Sase Ivanovski

Таравари: На локалните избори одиме со наши листи за советници, за градоначалници ќе видиме

Sase Ivanovski

Обвинителството добило одговор од Бугарија за сертификатот по англиски на Бојан Христовски

Sase Ivanovski

Панова: СДС и ДУИ секој ден се обидуваат да ја злоупотребат трагедијата во Кочани за лично политички цели, истрагата се одвива целосно транспарентно

Sase Ivanovski

Костовски: Тошковски диригира селективна истрага и правна фарса за најголемата трагедија во Македонија

Sase Ivanovski

Мостови на соработка меѓу ОАЕ и Македонија, наскоро лет Дубаи-Скопје, соработката меѓу централната и локалната власт двигател на вистинските промени

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп замрзна двe милијарди долари финансирање за Харвард откако универзитетот ги одби нивните барањата

Sase Ivanovski

Безмилосна статистика: Се „топи“ бројот на ученици – во однос на 2015 сме изгубиле скоро 28.000

Sase Ivanovski

Смртоносните поплави и бури лани погодија повеќе од 400.000 луѓе во Европа

Sase Ivanovski

Грејната сезона завршува денес, стартува „преодниот период“ до 30 април

Sase Ivanovski

Фројдовската грешка на „српското сценарио“ во Северна Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Играта „Marathon“ е најавена да излезе на 23. септември

Sase Ivanovski

Проф. Бужаровски стана член на Академијата за општествени науки на Обединетото кралство

Sase Ivanovski

Македонското гејминг студио Дарк-1 го издаде мултиплеер модот за нивната игра „Скопје ’83“

Sase Ivanovski

НАСА најавува документарец за одбраната на Земјата од астероиди, со премиера на 16 април

Sase Ivanovski

Објава манипулира со етничката припадност на осомничените за пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

Македонското студио „Фајнл Фронтиер Гејмс“ ги прекинува операциите за работа поради царините од САД врз Кина

Sase Ivanovski

Измените во медиумското законодавство се проевропски само делумно

Sase Ivanovski

Политико: Рускиот напад после кој останаа тела расфрлани по градските улици не е „грешка“ – тоа е стратегија

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Sase Ivanovski

Општина Карпош е соочена со континуирани поплаки од граѓаните кои живеат во колективни станбени згради и граѓани кои живеат во индивидуални куќи

Sase Ivanovski

Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“

Sase Ivanovski

Новиот предлог Закон за енергетика го помина комисискиот филтер во прво читање

Sase Ivanovski

Царините на Трамп – закана за популарните лекови произведени во САД и извезени во Кина

Sase Ivanovski

Рускиот генерал „Спартак“ од затвор на боиште да служи како топовско месо

Sase Ivanovski

Николоски најавува авиолинии од и кон Емиратите, ќе се поврзуваат Скопје и Дубаи

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Д-р Попоска: Ракот на дојка се лекува, најмладата пациентка имаше само 19 години

Sase Ivanovski

Фикрет Абдиќ осуден на 3,5 години затвор за злоупотреба на положбата началник на општина Велика Кладуша

Sase Ivanovski

На кардиохирургија салата не работела 1 месец немале ни стентови утврдила инспекцијата за починатиот пациент

Sase Ivanovski

Експозе на мандатарот за состав на нова влада на Србија; дел од поентите

Sase Ivanovski

Генералот Стојанче на „мртва“ стража до отворена шахта кај ТЦ Скопјанка

Sase Ivanovski

Кога ќе продолжи да се гради болницата во Кичево? – Таравари рече на пролет 2025, сега вели сѐ уште се во преговори

Sase Ivanovski

Во Собранието Иницијатива за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Светскиот економски форум го избра министерот Тимчо Муцунски за млад глобален лидер за 2025 година

Sase Ivanovski

Бугарскиот министер Георгиев: Уставните измени не се единствениот услов, со нив започнува процесот

Sase Ivanovski

Шестгодишното девојче од Куманово по грешка наместо во градски, се качило во автобус за Скопје – пронајдена во Гази Баба

Sase Ivanovski

Грејната сезона продолжува до 30 април ако надвор е под 12 степени

Sase Ivanovski

Финансиската полиција ја тресе прилепската болница поради сомнеж за малверзации

Sase Ivanovski

Таравари: Доколку имало пропуст или грешка за пациентот од Кардиохирургија одговорност ќе има

Sase Ivanovski

Во јануари и февруари времето беше студено: Димитриеска-Кочоска за слабата реализација на капиталните инвестиции

Sase Ivanovski

Детскиот фестивал ,,Поточиња” со донација за Кочани

Sase Ivanovski

74-годишен прилепчанец со возило излетал од патот, повредени три лица

Sase Ivanovski

Бугарин со тврд предмет ја нападнал партнерката од Скопје

Sase Ivanovski

Софија подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Sase Ivanovski

Украден споменикот на децата бегалци од паркот „Жена борец“

Sase Ivanovski

Украдени бронзени бисти на гробиштата „Бутел“

Sase Ivanovski

Курти поднесе оставка од премиерската функција – Косово оди на нови редовни избори

Sase Ivanovski

Службеничка на МВР од Куманово го оштетила буџетот за 417.000 денари

Sase Ivanovski

Муцунски: Од денеска, заедно со делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, престојуваме во работна посета на Обединетите Арапски Емирати

Sase Ivanovski
Вчитувам....