20.8 C
Скопје
09/05/2025 12:32
МАКТЕЛ

     

Совршена маркетинг-стратегија за „прајм“ хистерија

      

„Кога се на голем одмор, нагрнуваат во маркетот куп деца и купуваат „прајм“. И тоа не по еден, некои купуваат и по неколку шишиња“. Со нескриена зачуденост ни одговори продавачката во еден скопски центарски маркет на прашањето дали има купувачи на сокот, кој во нивната продавница чини 349 денари за половина литар.„Колку ли пари им даваат на децата за ужинка денес?“, се праша таа.

Негазираниот пијалак, кој може да се најде со пет различни вкуса, почна да се продава во неколку македонски синџири на маркети, на крајот на минатиот месец. Од тогаш, речиси и да нема период во денот, пред штандовите на кои се наредени пластичните шишенца во различни бои, да нема деца.Некои купуваат, некои само ги гледаат, зашто цената не е баш ниска, варира до 500 денари.

Од кога ќе го испијат сокот, некои од нив полнат вода во шишето и го носат на училиште – за да се пофалат дека пиеле „прајм“. Под насловот „Prime in Macedonia“, на Тик-ток се споделуваат видеа, во кои младите го вртат шишето в рака и најавуваат во кој град го купиле.

Шише што носи статус 

   

Пијалокот е популарен меѓу младите | Принтскрин Тикток

„Прајм“, за младите, е пијалакот што ги прави поважни пред другарите. Важноста и не е толку поради високата цена, туку поради тоа што го купиле производот на двајцата познати јутјубери – Логан Пол и Кеј-Ес-И.

Имињата на 28-годишниот Aмериканец Логан Пол и 30-годишниот Британец Кеј-Ес-И (КСИ) се познати за повеќето тинејџери. Двајцата се аматерски боксери, кои порано биле и ривали. Но, својата популарност не ја стекнуваат како спортисти, туку на социјалните мрежи Јутјуб, Тик-ток и Инстаграм. Сега се едни од најголемите инфлуенсери во светот. Заедно имаат повеќе од 40 милиони следачи на Јутјуб.

Следачите и милијардите прегледи на нивните видеа се покажаа како добра основа за промоција на сокот „прајм“, чии креатори се тие.„Го создадовме „прајм“ за да прикажеме што се случува кога ривалите ќе се здружат како браќа и деловни партнери “, најавуваа јутјуберите.Маркетингот го почнаа уште пред да почнат со поголемо производство. На своите канали на социјалните мрежи, веќе богати со милиони следбеници, со почетокот на производството го објавија и своето прво видео.

Речиси петминутниот материјал почнува со снимки од бокс-борбите меѓу нив за да се покаже лутото ривалство. Во заднина, пак, се слуша глас, кој прашува – кој е кралот на социјалните медиуми. Потоа видеото продолжува со лична исповед како од ривали стануваат бизнис-партнери. И тогаш се појавуваат снимките со шишињата „прајм“, кои тие лично ги возат во количките, во салата каде што се произведуваат. Сето ова проткаено со нивни кратки обраќања и со рап-музика.

И „прајм“ веднаш станува вирален. Уште во јануари лани, кога производството е многу мало, почнува трката меѓу нивните следачи, кој ќе успее да го купи. Јутјуберите, пак, постојано објавуваат видеа со празни рафтови во маркетите во кои го имало пијалакот и ги повикуваат своите следачи што успеале да го купат да објават фотографија со шишето.

Тие што објавиле, веднаш добиваат поголема видливост на социјалните мрежи поради илјадниците прашања што следат под фотографијата – како успеале да стигнат до пијалакот на инфлуенсерите. Со тоа добиваат и повеќе следачи на социјалните мрежи.

Совршена маркетинг-стратегија

Маркетингот за „прајм“ почнува на Јутјуб | Фото: Пекселс

Во Англија и во Америка, тинејџерите чекаат со часови пред маркетите да го купат. И не успеваат. Пијалакот, чија цена во маркетите тогаш е околу два долари или 150 денари, на црниот онлајн-пазар стигнува и до 120 долари, односно 7.000 денари. Лани пролетта се продаваа и празни шишиња „прајм“ за околу 35 долари или 2.000 денари.

Учениците ги носеа празните шишиња на часови, а некои од нив и ги препродаваа поради што многу училишта решија да ги забранат.Сега „прајм“ има поголемо производство, па може да се најде во маркетите. Но, побарувачката за него не се намалува. Сѐ уште трае фамата создадена од почетокот дека мора да се купи веднаш, инаку може да го снема.

Месецов, компанијата објави дека очекува да заработи 1,2 милијарди долари од продажбата до крајот на годинава. За да ја одбележат продажбата на милијардитото шише отворија  две „златни“ продавници во Лондон и во Њујорк.Наградата за оние што со часови чекаа беше можноста да освојат златно „прајм“ шише, за што ќе добијат 500.000 долари ако погодат шестицфрен код.

Во Лондон, младо момче ја освои наградата, а во Њујорк, шишето беше стопено, оти само еден може да биде победник. А тоа беше среќниот од Англија.„Прајм“ излезе од социјалните мрежи. Сега е спонзор и на познати фудбалски клубови, како Арсенал и Баерн Минхен, a има и личен договор со Ерлинг Халанд, фудбалер на Манчестер сити, една од најголемите фудбалски ѕвезди во моментов.

Балканот со иста еуфорија

Минатиот месец прајм пристигна во Македонија | Фото: БИРН

Од пред некој месец, „прајм“ стигна и на Балканот. Во Србија се продава по 1.000 динари или 500 денари, а се појавија информации дека наводно децата што може да си го дозволат, им барале пари на тие што немаат да купат цело шише, да пробаат барем некоја голтка.А што е толку посебно во вкусот на сокот што мора да се проба? Постојат два вида на „прајм“ – за хидратација и енергетски. Вториот е забранет во некои држави, а првиот, оној за хидратација, го има во Македонија.

Тој содржи засладена филтрирана и кокосова вода, електролити, Б витамини  и аминокиселини. Го има со пет различни вкуса. Од Институтот за јавно здравје предупредија да се внимава оти децата до 14 години треба да внесуваат витамини и минерали двапати помалку од она што го содржи овој пијалак.

Прогонетиот „прајм енерџи“ закана за големите во бизнисот

Енергетскиот пијалак „прајм“ е забранет во повеќе земји поради големото присуство на Л-теанин, кој не е дозволен во безалкохолните пијалаци во ЕУ. И поради големо присуство на кофеин. Тоа го сторија и Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.Претходно го забранија Данска, Канада и други држави.

„Воопшто нема да го дистрибуираме „прајм“ во Канада“, се закани Логан на Тик-ток, обвинувајќи ги мејнстрим медиумите и големите корпорации, веројатно алудирајќи на Кока-кола и на другите џинови во индустријата дека стојат зад забраната зашто пијалакот што го создале на социјалните мрежи им зел голем дел од профитот.

Засега приходот од 1,2 милијарди долари, кој се очекува да го достигне „прајм“ до крајот на годинава, е далеку помал од оној на светската корпорација, која постои 137 години и произведува 35 безалкохолни и алкохолни пијалаци. Според проценките направени врз основа на досегашниот профит, Кока-кола, во 2023 година, би требало да заработи 45 милијарди долари.

Но, „прајм“, кој годинава се шири по рафтовите на маркетите низ светот, ги истисна производите на гигантот настрана. Новиот пијалак има почесно место во продажните синџири.На истите рафтови, до „прајм“, во македонските маркети стигна и чипсот „такис“. И за него возбудата тргна од социјалните мрежи. Мексиканскиот бренд, кој постои над 20 години, лани стана популарен меѓу тинејџерите во светот откако тргна предизвикот на Тик-ток колку од лутиот чипс може да се изеде.

Кесичка од 90 грама чини 369 денари. Цената на конкурентите на „такис“ за иста грамажа е околу 60 денари. Но, и за него има побарувачка.А се вели дека следната возбуда околу некој производ продолжува низ солунските маркети – таму се продаваат нови продукти што ги немало во Македонија.

    

Најново

Ристески: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортската инфраструктура

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со градинката Пролет поставивме нови стандарди за детска грижа во Центар

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: МЗШВ се грижи за земјоделците и руралниот развој во Македонија, доделени се договори во вкупен износ од 10.094.050 денари на 54 здруженија

Sase Ivanovski

Здружение на класични филолози „Антика“: Државен натпревар по класични јазици

Sase Ivanovski

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Sase Ivanovski

Герасимовски: Фотоволтаиците на ООУ „Киро Глигоров“ чекор до енергетски независен Центар

Sase Ivanovski

Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

Sase Ivanovski

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski
Вчитувам....