Бугарија изрази сочувство кон трагедијата која се случи на 16 март во Кочани.
Во вечерните часови,бугарски граѓани се собраа пред Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија, за да изразат сочувство кон жртвите на оваа трагична несреќа. Присутните запалија свеќи, положија цвеќе и со едноминутно молчење и на колена го изразија своето сочувство. Во амбасадата пристигна и отповиканата амбасадорка Агнеса Руси Поповска, која искажа благодарност до Бугарија за пружената помош. Во амбасадата ќе биде поставена и книга за жалост, каде граѓаните ќе можат да изразат свои сочувства.

