Дека грчката полиција не толерира повеќе никакви сообраќајни прекршоци, говори и денешното сведочење на српски туристи, кои во обид да свртат кон своето сместување од улица, заработиле казна од 200 евра.Целиот инцидент се случил на Халкидики, а беше објавен на фејсбук страницата Никана.гр.
Еден пар туристи од Србија бил казнет со 200 евра откако свртеле од главниот пат кон нивното сместување, што било евидентирано како сообраќаен прекршок. Иако казната била веднаш платена, според нивната изјава, грчките полицајци не им ги вратиле веднаш документите, туку ги задржале да чекаат.
Случајот предизвика бурни реакции и бројни коментари на социјалните мрежи, особено меѓу туристите кои планираат одмор на Халкидики. Многумина предупредуваат дека контролите оваа година се построги од кога било и апелираат до возачите да бидат внимателни и да ги почитуваат сите сообраќајни правила.Српските туристи предупредуваат на лошо обележани патишта и зголемена внимателност.