Сопругата на Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд , Цветанка Сиљаноска Костадиновска, од граѓанскиот суд Скопје , денеска беше избрана за апелациски судија. Аргументите на Судскиот совет беа дека се работи за долгогодишен судија, доктор на науки , со неколку напишани трудови .
Унапредување за Апелација, но во кривичниот оддел доби и Марија Клетничка Марковска, сопруга на советникот на премиерот Христијан Мицкоски, Сашо Марковски за надворешна политика и специјален претставник во процесот на преговори на претседателот на Владата со Европската комисија. Аргументите на судскиот совет за нејзиниот избор беа дека е прва на ранг листата и дека се работи за квалитетен судија .