Монетарната политика, финансиската стабилност и пристапот до финансии за стопанството беа само дел од темите за кои денеска разговараа гувернерот Трајко Славески и претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.Како што информира Народната банка, средбата била во духот на заедничката определба за поттикнување на економскиот развој и за зајакнување на институционалната соработка.
– На средбата беше нагласена важноста на постојаниот дијалог помеѓу носителите на економската политика и бизнис-заедницата, особено во контекст на актуелните светски и регионални економски предизвици. Претседателот Азески истакна дека Комората е подготвена за понатамошна активна соработка со Народната банка, изразувајќи поддршка за професионалноста и кредибилитетот што гувернерот Славески ги носи на оваа позиција. Во разговорот беа отворени теми поврзани со , како и улогата на Народната банка во создавањето поволно деловно опкружување. Двете страни се согласија дека со заемна отвореност и координација може да се придонесе за поефикасно исполнување на стратегиските економски цели на земјата, наведува НБ.
Гувернерот Славески ја истакна заложбата на Народната банка за транспарентност, предвидливост и поддршка на стабилноста, како предуслов за одржлив раст. Тој упати благодарност за поддршката и изрази задоволство од иницијативите на Комората за продлабочување на комуникацијата со институциите од финансискиот сектор.
– Средбата заврши во конструктивен дух, со договор за засилување на соработката преку редовни консултации и размена на анализи и мислења од заеднички интерес, соопшти НБ.