Месарите не се многу загрижени за тоа дали оваа цена е скапа, бидејќи до празникот килограм јагнешко може да стаса и до 800 денари. Иако не е според закон, тие не се откажуваат и од врзаната трговија што значи дека со половина јагне оди пола главче или дропчиња Од 80 до 100 денари (и тоа прашање е дали ќе ги најдете) деновиве се продаваат јагнешките главчиња, што е една шестина од цената на килограм јагнешко, кое во моментот се цени од 598 до 680 денари. Граѓаните се фрапирани од ваквите цени на, како што велат, „остатоците од извоз“, бидејќи Грците, Италијанците и Хрватите не ги сакаат овие јагнешки делови. Сепак, велат дека ги купуваат, колку да замириса трпезата, оти на најголемиот дел им е прескапо да издвојат најмалку 6.000 денари за половина јагне за Велигден. Месарите не се многу загрижени за тоа дали оваа цена е скапа, бидејќи до празникот килограм јагнешко може да стаса и до 800 денари. Иако не е според закон, тие не се откажуваат и од врзаната трговија што значи дека со половина јагне оди пола главче или дропчиња.
– Главчињата посебно се продаваат по речиси 6 пати поевтина цена од еден килограм јагнешко месо. Ако веќе плаќам по 650 денари за килограм јагнешко, не мора така да ми се пресметуваат и внатрешните органи, кои посебно се продаваат по 189 денари за јагнешка дроб-сарма или 100 денари за едно главче. Истото се случува и со продажбата на прасечкото месо – вели една скопјанка.
И трговците признаваат дека на граѓаните не им се бендисува ваквата продажба, но велат дека ова трае со години, иако во последниве години сè почесто се караат со муштериите.
Од Организацијата на потрошувачи се децидни дека ова е уцена и се одвива надвор од законската трговска пракса.
– Законот за Заштита на потрошувачите е дециден дека такво нешто не е дозволено. Во членот 6 од делот што ги покрива условите за продажба на производите и давање услуги, се забранува условување на купување едни производи со купување други производи или друг начин на условување на купување и продажба на производи. И тука нема дискусија. Сепак, граѓаните го трпат и го толерираат овој начин на продажба, а досега никој не се пожалил кај нас за оваа продажба – објаснуваат од ОПМ за „Слободен печат“.
На две недели пред Велигден мали количества јагнешко месо се појавија во месарниците. Но, поради ниската откупна цена за македонското јагне што се движи 210 денари за килограм жива мера, сточарите не го предаваат јагнето во македонските кланици. Бараат Владата итно да ја укине мерката со која тие се обврзани 50 отсто од јагнињата да ги даваат на домашните кланици, за да може слободно да го извезуваат во странство каде што цената достигнувала и до 300 денари за килограм. Само во Пелагониско 70 отсто од јагнињата не се предадени, објави ТВ Сител.
– Пресметавме со Министерството дека нас нè чини 273 денари производната цена на јагнето. Бараме да ни се доплати таа цена ако веќе ги даваме јагнињата на 210-220 денари. Ова за неколку денови под итно да се реши, бидејќи времето за велигденските празници е веќе готово и ова ќе биде незапаметена година за сточарите во Пелагонија да остане јагнето дома – рече Боби Бошевски, сточар од село Подино.
– Имавме предлог до министерот за да добиеме дозвола за извоз на живо откупено јагне, надвор од државата. Така откупната цена ќе беше повисока и ќе се откупеше целото јагне, но не добивме дозвола. Албанија, Косово, Бугарија, сите тие држави бараат големо јагне, Хрватска исто – велат сточарите.