Западните сојузници на Украина преговараат за испорака на дополнителни системи за воздушна одбрана „Патриот“ и сакаат да постигнат договор за ова пред самитот на НАТО кон крајот на јуни, изјави во понеделник извор на „Ројтерс“ запознаен со ова прашање. Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот месец за американската телевизиска мрежа „Си-би-ес Њуз“ изјави дека неговата Влада е подготвена да купи десет американски системи за противвоздушна одбрана кои се клучни за соборување на руските балистички ракети. Според воените аналитичари на порталот „Дифенс експрес“, во април годинава Украина имала само седум целосно оперативни системи „Патриот“, но не се наведува состојбата со другите десетици кои му беа испорачани на Киев.
Изворот, кој зборувал за Ројтерс под услов на анонимност, рече дека САД и Грција се меѓу потенцијалните добавувачи на дополнителни системи. Два американски извора запознаени со прашањето рекле дека повеќе од системите „Патриот“ за Украина биле одобрени од поранешниот претседател Џо Бајден и дека Доналд Трамп не го спречил тоа. Грција негираше се. Атина подоцна негираше дека е вмешана во планот. „Не станува збор за снабдување на Украина со системи „Патриот“ од Грција“, изјавил владин претставник за Ројтерс. Одбраната е чувствително прашање за Грција поради децениските конфликти со Турција, сосед и сојузник во НАТО. Атина, која испрати илјадници ракети, експлозиви, пешадиски борбени возила и муниција, меѓу другото, минатата година повтори дека не може да ѝ обезбеди на Украина системи „Патриот“.
Повикувајќи се на американски официјални лица, весникот „Њујорк Тајмс“ во неделата објави дека Вашингтон планира да испрати еден системот „Патриот“ во Украина откако ќе биде репариран во Израел. Беше наведено и дека сојузниците разговараат за „логистиката на Германија или на Грција“ за да дадат уште еден систем. Зеленски рече дека разговарал за системите за противвоздушна одбрана со Трамп на маргините на погребот на папата Франциско во Ватикан, во она што го нарече „најдобрата средба“ што двајцата ја имале досега.