Хегсет предупреди дека војната во Украина мора да биде „повик за будење“ за европските сојузници на НАТО да вложуваат повеќе на сопствените одбранбени буџети. Неколку сојузници на НАТО денес истакнаа дека Украина и Европа не треба да бидат исклучени од какви било мировни преговори, пишува Асошиејтед Прес. Европските влади се вознемирени откако администрацијата на Трамп сигнализираше дека планира разговори лице в лице со Русија за ставање крај на војната во Украина без нивна инволвираност. „Не може да има преговори за Украина без Украина. И гласот на Украина мора да биде во срцето на сите разговори“, изјави министерот за одбрана на ОК, Џон Хили за новинарите во седиштето на НАТО.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет негираше дека САД ја предале Украина со започнување преговори за нејзината иднина без целосно вклучување на Киев. По разговорите со Путин, а потоа и со Зеленски, Трамп во средата рече дека „најверојатно“ ќе се сретне лично со рускиот лидер во блиска иднина, можеби во Саудиска Арабија. Хегсет предупреди дека војната во Украина мора да биде „повик за будење“ за европските сојузници на НАТО да вложуваат повеќе во сопствените одбранбени буџети. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој претседаваше со состанокот, рече дека каков и да е постигнатиот договор меѓу Русија и Украина, од клучно значење е „мировниот договор да трае, и Путин да знае дека ова е крајот, дека никогаш повеќе нема да може да се обиде да заземе делови од Украина“. Извор: Новинска агенција МЕТА