Ние секоја година го чествуваме овој значаен ден за нас македонските Евреи бидејќи ако не споменуваме, тој ден ќе се заборави. Мора да потсетуваме за да знаат младите генерации што се случило и никогаш никому да не се повтори. Пораката од Битола и од Македонија до светот е дека мора да споменуваме бидејќи ова секому може да се случи, а повеќе нема преживеани што ќе може да раскажуваат и да кажуваат за кобното утро и воопшто за Холокаустот. Ние, потомците од Еврејската заедница, сме тука за да говориме гласно и тоа никому да не се повтори – истакна потпретседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Радојка Хелман Денковска.
Холокаустот е потсетник за страшните последици од нетолеранцијата, омразата и дискриминацијата, а ние како Влада остануваме посветени на борбата против антисемитизмот, говорот на омраза и против сите облици на дискриминација, истакна заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски, на денешната комеморација посветена на 11 март, денот на депортацијата на македонските Евреи. Во име на владината делегација, во која беа и замениците министри Викторија Трајков и Марјан Ристески, Јанкуловски посочи дека сегашните и идните генерации треба да учат од историјата, да градат општество засновано на мир, разбирање и солидарност.
– Со длабока почит и тага се сеќаваме на 7.144 македонски Евреи кои беа одведени од своите домови и депортирани во логорот Треблинка каде што нивниот живот насилно беше прекинат. Во срцето на Битола, град со длабоки историски корени и со мултикултурно наследство, стоиме обединети во меморија на оваа трагедија, но и со решеност да го зачуваме сеќавањето и да пренесеме силна порака за иднината. Холокаустот е потсетник за страшните последици од нетолеранцијата, омразата и дискриминацијата. Како Влада остануваме посветени на борбата против антисемитизмот, говорот на омраза и против сите облици на дискриминација. Денес не сме тука само да жалиме, туку и да испратиме порака дека никогаш нема дозволиме да се повтори таква неправда. Се поклонуваме пред жртвите, но и ги повикуваме сегашните и идните генерации да учат од историјата, да градат општество, засновано на мир, разбирање и солидарност – истакна Јанкуловски. Сеќавањето на 11 март 1943 година е важно, бидејќи ако не зборуваме, тој ден ќе се заборави, истакна потпретседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Радојка Хелман Денковска.
– Ние секоја година го чествуваме овој значаен ден за нас македонските Евреи бидејќи ако не споменуваме, тој ден ќе се заборави. Мора да потсетуваме за да знаат младите генерации што се случило и никогаш никому да не се повтори. Пораката од Битола и од Македонија до светот е дека мора да споменуваме бидејќи ова секому може да се случи, а повеќе нема преживеани што ќе може да раскажуваат и да кажуваат за кобното утро и воопшто за Холокаустот. Ние, потомците од Еврејската заедница, сме тука за да говориме гласно и тоа никому да не се повтори – додаде Хелман Денковска.
На комеморацијата во Битола, Шели Леви Друмер, внука на Хаим Абраванел која денеска живее во Израел, рече дека Битола треба да стане отворен урбанистички музеј на сите еврејски заедници од Балканот. Битола е приказна, Битола е голем еврејски центар и Битола мора да продолжи да ја раскажува историјата на еврејството. Традицијата со голема посветеност ја одржува градот Битола затоа што, како што рече градоначалникот Тони Коњановски, соживотот нема цена, а пријателството, мирот и соработката се атрибути што треба да ги почитуваме.
– Битола оддава почит на над 3.300 наши сограѓани, еснафи, лекари, занаетчии, на сите оние кои го споделувале животот со граѓаните на Битола. Потсетуваме на мрачни моменти и оддаваме почит со традиционалната поворка на живите која се одвива до железничката станица во Битола каде што нашите сограѓани Евреи биле депортирани. Соживотот нема цена, пријателството, мирот и соработката се атрибути што треба да ги почитуваме – нагласи Коњановски. Цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи од Битола и на народната хероина Естреја Овадија Мара положија делегацијата на македонското Собрание, претставниците на Еврејската заедница, Сојузот на борци од Битола, локалната самоуправа и политичките партии од градот.
Премиерот Мицкоски одржа емоционален говор за Холокаустот
Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на церемонијата по повод 80-годишнината од Холокаустот, која се одржа во Меморијалниот центар во Скопје. Во својот говор, Мицкоски изрази почит, тага и надеж, сеќавајќи се на страшните жртви од Втората светска војна и на трагедијата која не ја одмина ни Македонија.
– Над 7.000 македонски Евреи беа депортирани во логорот Треблинка, а нивниот живот, историја и култура беа насилно прекинати. Но, историјата не е само спомен, таа е лекција – истакна премиерот. Тој додаде дека нашата обврска е да ја зачуваме вистината и да се спротивставиме на заборавот.
– Нашата цел е да изградиме општество засновано на толеранција, правда и меѓусебно почитување – додаде тој. Мицкоски истакна дека фразата „Никогаш повеќе“ не е само симбол, туку и залог за иднината, за да се осигура дека трагедијата на Холокаустот никогаш нема да се повтори.
– Нека споменот на жртвите биде вечен – порача премиерот, обраќајќи се до присутните во Меморијалниот центар. Утре ќе се одржи комеморација за депортираните македонски Евреи во Штип, а на 11 март во Скопје.