Со македонска музика и свечен коктел го отворивме “Европското шаховско првенство во рапид и блиц шах”. Горди сме што Скопје, Македонија и Шаховска Федерација на Македонија / Chess Federation of Macedonia ќе бидат домаќини на околу 450 шахисти од неколку земји.
Благодарност за трудот и до сите поддржувачи и покровители кои земаа учество во овој настан за истиот да започне во најдобар ред. Во наредните неколку дена ќе бидеме шаховско место во Европа каде врвни шахисти ќе си ги одмерат силите.




