Полицијата во Подгорица го уапсила Д.Ч.(39) од Подгорица поради сомнение дека го убил својот татко, соопшти Полициската управа.
„Всушност, по семејна расправија во населбата Мало брдо во Подгорица, осомничениот Д.Ч.(39) со ладно оружје – нож го повредил својот татко во пределот на градниот кош, кој им подлегнал на повредите во Клиничкиот центар на Црна Гора“ – се вели во соопштението. Полицијата соопшти дека осомничениот Д.Ч. по наредба на в.д. висок државен обвинител е лоциран и лишен од слобода за исклучително краток временски период. „Во тек се натамошни полициски обвинителски активности за утврдување на сите факти и околности“, велат од Управата на полицијата.