Официјалната фестивалска програма, под слоганот „Смеј се и осмели се!“ ќе почне од 6 и ќе трае до 16 јуни 2025 година.
Во претставата игра извонредната актерска екипа што ги освои домашниот и меѓународниот аудиториум: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Нино Леви/Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев.
Исто така, традиционално во рамките на фестивалот ќе се додели и наградата за животно дело на актерката Снежана Коневски-Руси, легендата на македонскиот театар, филм и култура, која повеќе од пет децении е дел од театарскиот филмски репертоар во земјава, а својата уметничка кариера ја помина токму во Македонскиот народен театар.„Новото издание на фестивалот е подготвено, прецизно креирано со голема љубов и почит кон сите учесници и гости“, рече уметничката директорка Ана Стојаноска.