Министерот за локална самоуправа Златко Перински тврди дека не постои комуникација помеѓу Град Скопје и општините во градот. Перински обвини дека комуникација не постои по вина на Градот кој го предводи Данела Арсовска. „После ноември, многу работи ќе се подобрат на подобро. И комуникацијата со сите градоначалници мора да биде на дневна основа за да се надминуваат препреките“, рече Перински, алудирајќи дека ова ќе биде по изборите и смената на Арсовска.
Посочи дека оттаму доаѓаат и опструкциите. „Најголемиот проблем кој Град Скопје го прави за општините се опструкциите на секое ниво и во суштина оние средства кои се влеваат во Град Скопје, а потекнуваат од страна на локалните самоуправи во Градот Скопје, несразмерно се инвестираат“, рече Перински.
View this post on Instagram