Залутано лице кај Мрежечко на планината Кожуф, Кавадаречко е пронајдено по брзата реакција на надлежните институции. Како што споделија од Центаро за управувње со кризи, денска, во 13.15 часот, на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, е добиена пријава за залутано лице на планината Кожув, во близина на местото Мрежичко. – Лицето било планинар од Скопје, кој претходната ноќ ја преспал во планината, но поради лошите временски услови и наросувањето од снег, загубил ориентација и решил да побара помош од службите. Од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК), беа известени СВР Велес, ОВР Кавадарци, Гранична Полиција „ЈУГ“ Итна Служба, како и Општина Кавадарци и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Во 14.00 часот, лице од општината во Кавадарци кое го познавало теренот, стапило во контакт со залутаното лице и по кратко време го пронашол и со теренско возило го однел до безбедна куќарка во близината каде што бил згрижен – соопштуваат од ЦУК. Подоцна од страна на граничната полиција „ЈУГ“ лицето е транспортирано до градот. – Оваа брза и координирана интервенција резултираше со успешно пронаоѓање на лицето, благодарение на тимскиот пристап и професионалноста на службите во Системот за управување со кризи (СУК). Особен придонес, со личниот ангажман и вклученост во потрагата, даде градоначалникот на Општина Кавадарци, како и со ангажирање на локални ресурси и ефикасна координација меѓу институциите – нагласуваат од ЦУК.